Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени

January 4, 2025
1 min read

Случаите на заболени од грип во Албанија, значително се зголемени во последните недели, а според извештаите од единиците за јавно здравје низ земјата, над 13 илјади се регистрирани само во последната седмица.

Она што е забележливо е дека најголем број од оние кои бараат лекарска помош се деца до 5-годишна возраст, што доведе и до преоптоварување на педијатриските амбуланти во последните денови од годината што штотуку ја оставивме зад нас. Иако инфекциите на горните дишни патишта се широко распространети низ целата земја, најголем број се во Ѓирокастро, Драч, Делвина и Валона, објавија албанските медиуми.

Во моментов бројот на заболени од сезонски грип е значително поголем во споредба со пред една година, а според епидемиолозите во наредните недели се очекува зголемување бројот на заразени.

Тие советуваат дека вакцинацијата е најдобрата форма на заштита од тешки форми и смртни случаи.

До сега, над 205 илјади албански граѓани, повеќето повозрасни од 65 години, се вакцинирани против грип, која се добива бесплатно во здравствените домови низ земјата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески започнува со работа во Болница Плодност: Водечка експертиза во кардиологијата сега достапна за пациентите во Битола

Следно

Николоски: Ветивме и денеска го пуштаме експресниот пат Куманово (Страцин)- Крива Паланка, нека е аирлија!

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop