И во новата година огромна загаденост на воздухот во речиси цела држава

January 2, 2025
1 min read

И во новата година продолжува стариот проблем со екстремната аерозагаденост во земјава, поради што токсичен воздух вечерва дишат граѓаните во Скопје, Тетово, Битола и Струмица, а високи нивоа на загаденост има и во останати делови од земјата.

Според податоците на Министерството за животна средина во 17 часот најзагадено е во Битола, каде што на мерката станица Битола 2 се измерени 237 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички.

200 микрограми се измерени во Струмица, 206 во Тетово, 170 во Кичево.

Во главниот град, најмногу загаденост покажува станицата кај ректоратот, која измери 210 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, во Лисиче се измерени 179, во Гази Баба 154, а во Центар 130.

Утрово, Скопје повторно се разбуди во првите 15 најзагадени градови на светската и европска листа. Воздухот е оценет како „нездрав“ и „многу нездрав“ за дишење во некои општини и препораките се да се носат маски, да не се излегува на улица и да не се отвараат прозори.

Продолженото изложување на загаден воздух може да доведе до астма, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања. Микроскопските честички и токсични гасови можат да го оштетат белите дробови. Загадувањето на воздухот може да ја зголеми шансата за срцеви заболувања, вклучувајќи инфаркти, висок крвен притисок и удари. Честичките од воздухот можат да предизвикаат воспаление и оштетување на крвните садови. Долгорочно изложување на загаден воздух, особено на канцерогени материјали како што се бензопирен и други хемикалии, може да доведе до развој на рак на белите дробови.Загадувањето на воздухот може да има негативен ефект врз нервниот систем, особено кај деца и стари лица. Тоа може да доведе до когнитивни нарушувања и нарушувања во развојот на мозокот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата објави хронологија: Убиствата извршени за 30 минути, Ацо ја убил сестра си со која славел Нова Година

Следно

„Западниот Балкан не е во фокус на Полска“: Николовски вели нема сигнали дека ЕУ ќе ги прифати барањата на Скопје

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop