„Западниот Балкан не е во фокус на Полска“: Николовски вели нема сигнали дека ЕУ ќе ги прифати барањата на Скопје

January 2, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен во новата година да разговара со претставници на Софија за изнаоѓање решение за евроинтегративниот пат. Тој во интервју кажа дека европските челници имаат разбирање за неговите аргументи и идејата за уставни измени со одложена примена, но сепак топката ја префрлаат во Бугарија.

„Немањето Влада, стабилна Влада, фактори на одлучување и сето тоа коешто е таму реалност, го отежнува процесот и тогаш одлуката најчесто е „а бе знаете, Софија не го прифаќа тоа“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од друга страна, аналитичарите сметаат дека за време на полското европретседателство, кое започна од први јануари, процесот на проширување со земјите од Западен Балкан нема да биде во фокусот.

„Реформската агенда ќе биде искористена како еден изговор за тоа, меѓутоа, не гледам никакви сигнали од страна на претставниците на Европската Унија или пак на некоја евентуално нова бугарска Влада дека би сакале да излезат во пресрет на барањата на нашата Влада“, изјави Димитар Николовски од „Евротинк’.

Според Николовски, Полска акцентот ќе го стави на соседната Украина.

„Најмногу фокус ќе биде ставен на односите со САД, значи за Трансатлантското партнерство и исто така источното проширување – односите со Украина и со Молдавија, особено поддршка на Украина во нивната војна со Русија“, изјави Димитар Николовски од „Евротинк’.

Инаку, премиерот Мицкоски најави дека кон средината на месецов ќе отпатува за Вашингтон, каде на средбите, меѓу другото, се очекува како тема да се најде и патот на Македонија кон ЕУ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И во новата година огромна загаденост на воздухот во речиси цела држава

Следно

Директорот на АНБ доби НАТО сертификат

Latest from Blog

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето
Go toTop