Девет новороденчиња во Скопје – дежурната екипа на Гинекологија со напорна работа за Нова година

January 1, 2025
1 min read

Јаков и Аја се првите бебиња во новата година во Скопје. Машкото новороденче е прва рожба на скопјанката Сања Талевска, која се породила на Клиниката за гинекологија само неколку секунди по полноќ.

„Терминот беше планиран за јануари малку подоцна да биде, но нѐ изненади малку порано, не беше планирано, но еве, убав подарок за Нова година.“, вели Сања Талевска.

„Веќе се родени во Новата година пет бебиња. Дежурната екипа, со оглед на тоа дека почнува во 13 часот, вчера имале осум породувања. Имале доста напорна работа, додека другите луѓе најчесто во таа вечер се опуштаат и се забавуваат.“, вели Ирена Алексиоска Папестиев.

Неколку секунди по Јаков, на свет пристигна и Аја – приновата во семејството Етеми. Аја е една од четирите новороденчиња во Гинекологијата во Чаир во новогодишната ноќ.

„Имавме среќа да го добиеме првото дете една минута после полноќ, здраво женско дете – три кила и 110 грама, 50цм долго, коешто е во одлична здравствена кондиција, а исто така и мајката.“, вели Пранвера Изаири.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека е задоволен што во Скопје имало девет новороденчиња.

„Слушнавме и од двете мајки дека се пресреќни што условите во двете болници се супер и дека нивните деца се во многу добра состојба.“, вели Арбен Таравари.

Мајките беа посетени од Таравари заедно со Рози Мицкоска, сопругата на премиерот. Подароци имаше и од градоначалниците Данела Арсовска и Висар Ганиу.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ибрахимовиќ се извинуваше по поразот од Рома

Следно

Во израелските напади врз Газа убиени речиси 1.100 палестински бебиња

Latest from Blog

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop