Општина Аеродром: Левица се шампиони во лажни вести, повторно шират дезинформации во јавноста

February 20, 2023
1 min read

Шампионите во лажни вести, политичката партија Левица, со денешното соопштение за јавноста повторно шират дезинформации и ја замајуваат јавноста, велат од Општина Аеродром.

Општина Аеродром реагираше со соопштение по обвинувањата на политичката партија Левица.

– Објектот за кој тие говорат денес има дозвола  издадена од Градот Скопје каде тие се во неформална коалиција и даваат поддршка за работата на Градоначалникот, Данела Арсовска.

Општина Аеродром, како во минатото, така и сега останува посветена на спроведување на законите, вклучително и во делот на поставување на урбаната опрема на кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти. Инспекциските служби на општина Аеродром веднаш излегоа на терен и преземаат мерки за евентуално постапување во спротивно на законот.

На крајот напоменуваме дека дозволите за поставување урбана опрема на угостителските објекти се целосно во надлежност на Градот Скопје, соопштија од Општина Аеродром.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден најави дополнителен воен пакет од 500 милиони долари за Украина

Следно

Русите знаеле дека Бајден ќе дојде во Киев: Вашингтон ја контактирал Москва за да не дојде до директен судир

Latest from Blog

Уапсен е директорот на Болницата за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, се уапсени два лица под сомнение за кривични дела, примање мито и

Атанасоски во Отворено: „Вреди“ има проблем со легитимитетот кај гласачите, таму има истрошени кадри на ДУИ

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во Отворено рече дека, во политичката партија „Вреди“ во моментов проблем е нивниот легитимитет, но и судирот на ега и суети. Според него, се додека во Македонија се

Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина

Вкупно 229 милиони денари се на располагање за проекти од областа на животната средина за 2025 година, соопшти денеска на прес-конференција првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и
Go toTop