Русите знаеле дека Бајден ќе дојде во Киев: Вашингтон ја контактирал Москва за да не дојде до директен судир

1 min read

Белата куќа нема да навлегува во детали, но советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека ја известила Москва за посетата на Бајден на Киев непосредно пред неговото заминување од Вашингтон во обид да се избегне каква било погрешна пресметка што би можела да ги донесе двете нуклеарни вооружени нации во директен конфликт, пишува Асошиејтед прес

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска беше во кратка и неочекувана посета на Киев, а сега се откриваат деталите од неговата посета.

Неговото пристигнување во главниот град на Украина било планирано во најголема тајност, а медиумите само наведуваат дека и Русија била запознаена со неговото доаѓање во Киев, пренесува РИА Новости.

Според агенцијата Асошиејтед прес, Вашингтон ја контактирал Москва пред пристигнувањето на Бајден, за случајно да не направи грешка, што потоа може да доведе до избувнување на директен конфликт.

„Белата куќа нема да навлегува во детали, но советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека ја известила Москва за посетата на Бајден на Киев непосредно пред неговото заминување од Вашингтон во обид да се избегне каква било погрешна пресметка што би можела да ги донесе двете нуклеарни вооружени нации во директен конфликт“,

пишува Асошиејтед прес.

Бајден денеска беше во ненајавенна и тајна посета на Киев поради безбедносни причини. Како што објави Њујорк тајмс, Бајден патувал со воз од границата со Полска.

 Извештаите, исто така, велат дека Бајден го напуштил Вашингтон без најава откако тој и неговата сопруга Џил имале вечера во ресторан. Официјални лица негираа дека Бајден ќе ја посети Украина за време на неговото планирано патување во Источна Европа.

„Додека светот се подготвува да ја одбележи првата годишнина од руската брутална инвазија на Украина, денеска сум во Киев за да се сретнам со претседателот Зеленски и да ја потврдам нашата несомнена посветеност на украинската демократија, суверенитет и територијален интегритет. Кога Путин ја започна инвазијата пред речиси една година, мислеше дека Украина е слаба, а Западот е поделен. Мислеше дека ќе издржи подолго од нас. Многу погреши“,

рече Бајден при посетата на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Општина Аеродром: Левица се шампиони во лажни вести, повторно шират дезинформации во јавноста

Следно

Зеленски за „Велт“: Ако Кина влезе во сојуз со Русија, ќе има светска војна

Latest from Blog