Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има

December 31, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека уставни измени нема да има без добиени гаранции од Брисел, односно, како што вели, заеднички изготвен јасен план дека нема понатамошна билатерализација на процесот на пристапување.

-Очекувам дека македонското досие конечно во Брисел ќе добие светлина, и очекувам дека ќе седнеме заедно со луѓето во Брисел да разговараме и да направиме план и сценарио како до самиот крај, а не само за првите една или две пречки. Сакам да видам план во кој што ќе учествуваме активно како да дојдеме до самиот крај. Се разбира, никој не може нас да ни гарантира дека ќе дојдеме во одреден временски период, но може да ни гарантира дека немаме повеќе проблем со билатерални прашања. Затоа што ние милиментар не сме се поместиле овие 20 години, поради билатералните прашања. Не дека ние сме брилијантни дома, но има многу земји членки кои што станале земји членки па не биле брилијантни. Да бидам подиректен, не секогаш станува збор за кластери и поглавја, туку има и политичка волја и одлука. Очигледно за македонското досие таква политичка волја и одлука во изминативе 20 години немало. Ова е двосмерна улица, ние сме поготвени нашата насока да ја возиме, но дали вистински е подготвен Брисел да тие ја возат својата насока – не декларативно, не тапкање по рамо, не испраќање пораки, да седнеме и да направиме јасен план. Ете тоа очекувам од Брисел, вели Мицкоски на новинарско прашање на заедничката прес – конференција во владиниот медија – центар со министерката Весна Јаневска.

На дополнително прашање дека од Брисел се инсистира на уставни измени за продолжување на европскиот пат и за изјавата на спикерот Африм Гаши дека за тоа е потребна политичка волја кај најголемата владеjачка партија, Мицкоски потврди дека додека тој ја води Владата и е на чело на ВМРО-ДПМНЕ измени на Уставот нема да има, без добиените гаранции од ЕУ.

-Да, нема да има политичка волја додека јас ја водам Владата и додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а без ВМРО-ДПМНЕ уставни измени нема да има, тоа треба на сите да им е јасно. Вака како што се конципирани – нема, и нема ни да има. Затоа што јас не сум авантуриста ни егзибициониста во мојот живот, газам на цврста штица и ако носам каква било одлука таа одлука сакам да значи крај на еден процес, а не само почеток. Кога некој во Брисел ќе биде подготвен да разговара со мене за крај на процесот, тогаш јас ќе бидам подготвен, рече Мицкоски оценувајќи ја изјвата на Гаши како интелигентна бидејќи е свесен за реалноста во земјава дека без ВМРО-ДПМНЕ нема уставни измени.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Нови построги мерки за прием на поклоници на Света Гора

Следно

Мицкоски не бил авантурист околу европската иднина на Македонија и затоа „уставни измени нема да има“

Latest from Blog

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос
Go toTop