Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има

December 31, 2024
1 min read

Во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. Имајќи ја во предвид очајната финансиска состојба во Јавното сообраќајно претпријатие се наметна темата дали тоа воопшто ќе продолжи да работи, да функционира и се доведе во прашање имплементацијата на самата мерка за бесплатниот превоз на студентите, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вели „станува збор за наследен проект и проект кој беше заглавен со многу недоречености и долгови„.

„Дополнително на ова, свесни за фактот што студентите се иднината на нашата држава, но и за тоа дека, секојдневно се соочуваат со големи предизвици, високи трошоци за школување, сместување и живот. Во вакви околности, јавниот превоз е еден од главните трошоци за студентите.

Затоа Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообраќајно претпријатие, за да може оваа мерка непречено да се реализира и следната календарска година. Тоа е едно дополнително олеснување на образовниот процес на студентите и една грижа помалку за нив, од финансиски аспект.

За потсетување, претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам, треба да бидат спокојни, затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда на тоа.

Во изминатите нешто повеќе од 6 месеци имавме редовна и отворена комуникација со младите, со студентите за што повеќе ќе говори министерката. Често дискутиравме за нивните потреби, барања и наталожени предизвици.

Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој.

Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на приватни возила, со што придонесуваме за почист воздух, помали емисии на штетни гасови и поздрави градови.

Сакам да истакнам дека наследивме Влада со многу проблеми, но ги решаваме, целосно посветени на она што преставува реална потреба на сите граѓани. И во последниот ден од оваа година сакам да посочам неколку работи. Надежта се роди и очекувањата се големи. Ќе работиме до ситните часови, и секој ден така, само за да не ги изневериме очекувањата на граѓани.

Дозволете ми да се заблагодарам и на Вас медиумите, на новинарите, снимателите и сите оние кои се зад камерите. Заедно сме во ова и ја делиме заедничката судбина да ги менуваме работите. Свесен сум за сите ваши потреби и остануваме ваш сојузник.

До сите граѓани, не очекува добра година на многу нови и убави работи. Македонија станува повторно ваша“, изјави Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува зимскиот распуст, учениците се враќаат на училиште на 20 јануари

Следно

Ова се најпопуларните имиња во 2024 година во Македонија

Latest from Blog

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да

Nusret Haliti zgjidhet drejtor i AKE-së në Maqedoni

Inxhinieri i elektroteknikës Nusret Haliti nga Tetova është zgjedhur drejtor i ri i Agjencisë për Komunikime Elektronike (AKE), një prej institucioneve kryesore rregulluese në vend. Haliti do të jetë pasardhës i Jeton
Go toTop