Почнува зимскиот распуст, учениците се враќаат на училиште на 20 јануари

December 31, 2024
1 min read

Од денес, учениците од основните и средните училишта се на зимски распуст, кој ќе трае до 20 јануари, кога започнува второто полугодие.

Учебната година ќе заврши на 10 јуни, освен за учениците од завршните години во средното образование, кои ќе имаат часови до 16 мај. Оваа година, пролетниот распуст е укинат, што е промена од минатата година, кога учебната година заврши на 17 јуни.

Одлуката за укинување на пролетниот распуст е донесена по анкета спроведена од Министерството за образование и наука (МОН), во која наставници, родители и ученици од повисоките одделенија изразиле поддршка за оваа промена.

На почетокот на учебната година, МОН информираше дека 245 илјади ученици се запишани во основните и средните училишта, што е намалување од 17 илјади ученици во последните седум години.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сајкоски: Во 2025 продолжуваме со нови проекти, уште позасилена борба со корупцијата, повисоки плати, ново покачување на пензиите

Следно

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop