Сајкоски: Во 2025 продолжуваме со нови проекти, уште позасилена борба со корупцијата, повисоки плати, ново покачување на пензиите

December 31, 2024
1 min read

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски упати честитка до граѓаните за новогодишните празници.

-Драги браќа и сестри зад нас е една година полна со големи предизвици, неубави и убави моменти, впрочем каков што е животот. Сите ние копнееме за промени и големи победи. Ова беше година на промени, во која се изборивме за подобра иднина и за Македонија каква што сите ние ја посакуваме.

2024 година ќе остане запишана како годината во која Македонија сврте нов лист, во која чекор по чекор државата стануваше повторно ваша.

Се затекна многу тешка состојба и ова не е изговор туку е реален приказ за работите, но заедно ги менуваме процесите и се бориме за иднината на секој еден човек.

Во 2025 година продолжуваме со нови проекти, уште позасилена борба со корупцијата, одговорност за криминалците и повеќе за граѓаните низ поголеми плати нови покачувања на пензиите, нови проекти. ВМРО-ДПМНЕ тоа најдобро умее да го направи. Корупцијата и криминалот се она што е рак рана на нашето општество, тоа ќе биде поразено.

Не очекуваат многу победи. Доаѓа времето на успеси, да напишеме, испишеме приказна за Македонија која ќе биде наш заеднички успех.

Не очекува многу работа, многу посветност и борба за секое ново работно место, проекти, инвестиции. Македонија се менува, Македонија се трансформира.

Среќна Нова Година и Божиќни празници. Посакувам период пред нас да го поминете во мир, спокој и радост со вашите најблиски. Среќни празници, вели Сајкоски во честитката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: 2025-та нека биде година на победи, нови надежи и посветена работа

Следно

Почнува зимскиот распуст, учениците се враќаат на училиште на 20 јануари

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop