Пресуда за родителите на малолетниот убиец во маскрот во „Рибникар“ – 14 и пол години за татко му, три за мајка му

December 30, 2024
1 min read

14.5 години затвор за таткото и 3 години за мајката на коста кецмановиќ…вишиот суд во белград ги осуди родителите на масовниот убиец од основното училиште владисслав рибникар, Владимир и Миљана, на неколкугодишни казни затвор…Таткото на Коста е осуден поради несоодветно чување на оружјето во својот стан а заедно со Миљана, прогласени се за виновни и за кривичното дело, злоставување и занемарување на малолетно дете…

Иако родителите на самиот почеток не беа обвинети за ова кривично дело, јавното обвинителство во октомври го прошири обвинението по сведочењето на нивниот син …Затворска казна од 15 месеци доби и инструкторот по стрелаштво, поради лажно сведочење…

Виш суд во Белград

„Обвинетиот Владимир Кечмановиќ, е осуден на 12 години затвор за кривично дело Тешко дело против општата безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик и казна затвор во траење од 3 години за кривично дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице од член 193 став 1 од Кривичниот законик, на единствена затворска казна од 14 години и 6 месеци. Обвинетата Миљана Кечмановиќ е осудена на затвор во траење од 3 години, додека обвинетиот Немања Маринковиќ е осуден на 1 година и 3 месеци. “

 

Родителите на убиените деца очекуваа високи казни но велат дека и без разлика на одлуката на судот, нивните животи засекогаш се променија на кобниот 3- ти мај…

 

Анѓелко Аќимовиќ – татко на убиено дете

„Очекуваме осудителна пресуда. Ние веќе и без тоа сме осудени на доживотна тага.“

Во меѓувреме, заврши и граѓанска постапка против родителите на момчето кое го изврши масовното убиство…Адвокатот на семејствата бара изрекување казна која треба да донесе ред во општетството, предупредувајќи дека ова не е уште една обична постапка, туку пресвртница во општествената свест и одговорност..

 

Огњен Божовиќ, адвокат на семејствата

“ Масовното убиство во училиштето засекогаш ги промени животите не само на убиените родители, туку и на сите нивни семејства, соседи и општество. Судот треба да испрати порака дека ваквото однесување не е прифатливо.“

На 3-ти мај минатата година, коста кецмановиќ, влезе во школото каде што учел и со пиштол на својот татко, уби девет соученици и вработен во обезбедувањето…Во нападот, повредени беа уште пет деца како и наставник по историја… Малолетниот убиец нема кривично да одговара, бидејќи за време на убиствата, се уште немал наполнето 14 години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

Следно

Ако Тошковски не знае каде е Груби, нека го праша Ахмети

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop