За маркетите, фризерите и козметичарите можно е да се укине недела неработен ден

December 30, 2024
1 min read

Министерот за економија Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески информираа дека се разгледува можноста некои дејности, како маркетите, фризерите и козметичарите, повторно да работат во недела. Сепак, синдикатите се против, поради што се бара компромисно решение.

„Не се дискутира за укинување на неделата како неработен ден, туку за дозвола за работа на одредени дејности со услов работниците да добијат двојна или тројна плата,“ изјави Дурмиши, додавајќи дека разговорите ќе продолжат за да се постигне прифатливо решение.

Министерот ги обвини производителите, дистрибутерите и маркетите за неодамнешните поскапувања на основните производи, предупредувајќи дека, доколку злоупотребите продолжат, ќе следат построги мерки.

„Одлуката за замрзнување на цените е веќе подготвена. Ако повторно има неоправдано поскапување, таа веднаш ќе биде донесена,“ изјави Дурмиши.

Законот за нефер трговија стартува од 1 јануари, но ќе претрпи технички измени поради забелешки за трошоците за маркетинг и враќањето на производите со краток рок.

Надлежните уверуваат дека со новиот закон повеќе нема да има казни, а Комисијата за заштита на конкуренцијата е целосно подготвена да реагира.

Изминатите денови, цените на производи кои не беа дел од Новогодишната кошница пораснаа до 30%, што ја зголеми инфлацијата на 4,3% во ноември. Во моментов, цените се стабилизирани, но Владата внимателно следи како ќе се однесуваат трговците и производителите во наредниот период.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

Следно

Финансиската полиција за четири месеци спречила штета од над 300 милиони денари

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop