Финансиска полиција: Кривична пријава против 8 лица за злоупотреби во ТИРЗ

December 30, 2024
3 mins read

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 8 службени лица поради основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ  по член 353 став 4 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријавата  оформи предмет и поведе постапка против 8 службени лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на предистражната постапка која Управата за финансиска полиција ја водеше во координација и под раководство на   надлежниот јавен обвинител, се обезбедија докази дека во временскиот период 26.01-12.07.2022 година, првиот осомничен како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје, заедно со три службени лица задолжени за спроведување на управната контрола при Бирото за јавни набавки и уште четири лица од Државната комисија за жалби по јавни набавки, со неизвршување на нивната службена положба, му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од 622.981.190 денари.

Првиот осомничен, по претходно донесена одлука, објавил оглас за јавна набавка за изградба на основна внатрешна инфраструктура за ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица.

На објавениот оглас во предвидениот законски рок се јавиле два заинтересирани економски оператори кои доставиле понуди со предвидените критериуми. Една од компаниите понудила повисока цена, но драстично пократок рок на изведба на работите во календарски денови, врз основа на што таа била избрана за изведувач.

Трите лица од Бирото за јавни набавки – Комисијата за вршење на управна контрола, не ја извршиле својата службена должност за контрола за исполнетоста на условите од тендерската документација по однос на техничката и професионална способност за изведување на предвидените работи, како и по однос на рокот на изведба на работите како критериум за квалитет.

Тие не ги увиделе неправилностите и до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Скопје, доставиле записник од извршена управна контрола со дадено мислење дека договорниот орган може да продолжи со постапката за јавна набавка.

Вториот учесник во постапката поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки, но таму претседателот и три члена го игнорирале доставениот стручен наод и мислење од вешто лице од областа на градежништвото кој бил основа за жалбените наводи, па донеле решение со кое жалбата на другиот економски оператор ја одбиле поради неоснованост. На тој начин Дирекцијата склучила договор со избраната фирма за изградба на основна внатрешна инфраструктура за ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица со рок на изведба од 120 календарски дена од моментот на воведување во работа.

Два месеца по почетокот на работите, осомничениот директор потпишал анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за 84.688.628 денари или 19,77% од основниот договор и дополнително го продолжил првичниот рок за изведба на работите. По три месеци тој потпишал и втор анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за дополнителни 34.921.240 денари и уште еднаш го продолжил рокот за изведба на работите.

Кога фирмата не го испочитувала дадениот рок од 120 календарски дена за изведба, кој бил најважен услов за добивање на зделката, осомничениот директор не презел службени дејствија во насока на раскинување на Договорот за јавна набавка, активирање на доставените банкарски гаранции и наплата на договорна казна преку пенали за доцнењето при изведбата.

Со неизвршување на нивната службена должност, осомничените придонеле правното лице да ја добие јавната набавка врз основа на нереално низок понуден рок за изведба кој фирмата не успеала да го реализира, а со значително повисока цена од нејзиниот конкурент, па на тој начин тие за правното лице прибавиле противправна имотна корист. 

Од причини што во конкретниот случај, пријавените со своите дејствија овозможиле правен субјект да се стекне со противправна имотна корист од значителна вредност, од страна на Управата за финансиска полиција, отпочната е финансиска истрага со цел утврдување на имотот со кој се стекнал правниот субјект во времето на извршување на кривичните дела, при што е утврден имот од значителна вредност и за истото до Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување со цел преземање на привремени мерки за обезбедување на истиот. Имајќи ги предвид известувањата од финансиските институции за моменталната финансиската состојба според кои правното лице застапувано од неговиот управител е краен корисник на противправната имотна корист прибавена со стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави барање за привремено одземање на имот и предмети заради нивно обезбедување со цел идна конфискација.

Со мерката се предлага замрзнување – хипотека на недвижен имот во Карпош и Кисела Вода, забрана за располагање со средства од четири трансакциски сметки (три на физичко и една на правно лице), како и забрана за располагање со список подвижен имот во сопственост на правното лице (две патнички, осум товарни возила, кипери и градежна опрема).

Освен ова, по предлог на јавниот обвинител, Судот му го одзеде пасошот на осомничениот кој во моментот на сторување на делото ја извршувал функцијата директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Скопје.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прв случај на родова дискриминација – Добила отказ поради ин витро оплодување

Следно

Мицкоски за Судски совет: Овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат

Latest from Blog

Трамп: Прекин на огнот во Газа ќе биде постигнат „во текот на следната недела“

ВАШИНГТОН (АА) – Наскоро ќе биде постигнат прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу. „Мислам дека е блиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната

Итен апел поради забележан кит во Црна Гора

Министерството за екологија, одржлив развој и северен развој (MERS) ги повикува корисниците на чамци, туристите и сите граѓани да придонесат за заштита на китот, кој беше забележан во Бока – Которскиот Залив.

На Форумот за глобален транспорт во Истанбул истакната клучната улога на Турција во глобалната трговија

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес повика на поголема соработка за подобрување на глобалната трговска поврзаност, нагласувајќи ја стратешката позиција и посветеноста на Турција кон развојот на

„Хаарец“: Во израелската војна во Газа убиени речиси 100.000 Палестинци

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Речиси 100.000 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел врз Газа, што претставува околу 4 % од населението на територијата, објави денес израелскиот весник „Хаарец“, пренесува Анадолу. Бројот

Повеќе општини пријавиле штети како последица од невремето попладнево

Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на Македонија, во повеќе општини има пријавено штети. РЦУК – Скопје, известува имале повеќе пријави паднати дрвја на различни локации во градот, скинати
Go toTop