Прв случај на родова дискриминација – Добила отказ поради ин витро оплодување

December 30, 2024
1 min read

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) го утврди првиот случај на родово заснована дискриминација во работните односи, каде работничка од приватен сектор добила отказ поради планирана бременост преку ин витро оплодување.

Работничката, која две години работела за приватен работодавач, побарала боледување за ембриотрансфер. За време на нејзиниот годишен одмор, работодавачот ѝ изрекол отказ без отказен рок, обвинувајќи ја за недоаѓање на работа и прекршување на работниот ред.

КСЗД постапувала по претставка од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и утврдила дека:

-Законската процедура за утврдување одговорност не била почитувана.
-Решението за отказ не било правилно доставено.

Работничката била одјавена од социјално и здравствено осигурување, што ја спречило да ја заврши ин витро процедурата со финансиска помош од Фондот за здравствено осигурување.

КСЗД констатирала дека отказот е директно поврзан со планираната бременост и го оценила како форма на родово заснована дискриминација. Препорачала работодавачот да ги надомести сите трошоци кои работничката ги покрила од сопствени средства.

МЗМП нагласува дека оваа постапка е сериозно кршење на Уставот на Северна Македонија, Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и Законот за работни односи.

„Овој случај е јасен сигнал дека дискриминацијата врз работничките поради нивниот репродуктивен статус нема да се толерира,“ велат од МЗМП, додавајќи дека остануваат посветени на борбата за еднаквост и заштита од дискриминација.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Какво време нѐ очекува на новогодишната ноќ?

Следно

Финансиска полиција: Кривична пријава против 8 лица за злоупотреби во ТИРЗ

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop