Политико: Хрватскиот Трамп за континуитет на хрватската државна какафонија

December 30, 2024
1 min read

Милановиќ, кого „Политико“ го споредува со Доналд Трамп поради неговиот популизам, во првиот круг освои 49,09 отсто од гласовите. Второпласираниот Драган Приморац, кандидатот на премиерот Андреј Пленковиќ освоил само 19,35 отсто. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 12 јануари. Актуелниот претседател Зоран Милановиќ, жесток критичар на НАТО и ЕУ, доби убедливо водство пред својот противкандидат од владејачката ХДЗ, но малку недостасуваше да победи во првиот круг.

Раскол на врвот на државата

„Политико“ пишува дека овој резултат го продолжува расколот на врвот на државата. Иако претседателската функција е главно церемонијална функција, реизборот на Милановиќ – најпопуларниот политичар во земјата – би бил трн во око на неговиот најголем ривал, Пленковиќ.

Во својот победнички говор во Загреб, Милановиќ вети дека ќе промовира „Хрватска со став, Хрватска која се грижи за своите интереси и е свесна дека само ние се грижиме за тоа што се случува во нашата земја“.

Премиерот Пленковиќ, говорејќи по објавувањето на резултатите, го поздрави влегувањето на кандидатите на неговата партија во вториот круг. „Од утре почнува нов натпревар“.

Тој рече дека Милановиќ нема програма и дека ја влече Хрватска на исток. За време на кампањата, Милановиќ се обиде да профитира од серијата скандали кои резултираа со оставка или разрешување на повеќе од 30 министри од премиерската партија за време на мандатот на Пленковиќ.

Тој, исто така, му замери на Пленковиќ за неговиот проевропски став, нарекувајќи ја претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен „гачка“. Тој ја претстави имиграцијата како еден од главните предизвици за Хрватска.

Од друга страна, Пленковиќ рече дека овие избори се клучни за иднината на Хрватска, наведувајќи дека Милановиќ е „рак-рана на хрватската политика“.

Афера која дополнително го оптоварува Приморац

Иван Грдешиќ, професор по политички науки на Меѓународниот универзитет Либертас во Загреб, рече дека геополитиката сама по себе не може да ги компензира недостатоците на Драган Приморац. Како една од недостатоците напомена дека Приморац не е доволно харизматичен за да привлече доволно луѓе.

„Мислам дека е малку пресофистициран во некои од неговите дискусии“, додаде Грдешиќ.

„Политико“ наведува и дека неодамнешната афера во која до неодамна министерот за здравство, Вили Берош беше разрешен и уапсен откако Европското јавно обвинителство покрена истрага против него во ноември поради сомневање за корупција, дополнително го оптоварува Приморац.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На новогодишната ноќ и стабилно, суво и студено време

Следно

Какво време нѐ очекува на новогодишната ноќ?

Latest from Blog

Стојкоски: Цените во малопродажба благо растат, во големопродажба се враќаат на старо

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски, информира дека по укинувањето на мерките за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кое заврши на 30 април, се забележува умерен раст на

Израел пресретна ракета истрелана од Јемен

Израелската армија денеска соопшти дека ракета истрелана од Јемен кон израелска територија „најверојатно е успешно пресретната“. Израел претходно се закани со поморска и воздушна блокада против проиранските Хути, кои тврдат дека го

Димитриевски: До средината на јули ЗНАМ ќе ги обелодени кандидатите за градоначалници, поддршка за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ каде нема да имаме свој кандидат

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите истакна дека до средината на јули неговата партија ќе ги обелодени кандидатите
Go toTop