Муртезани: Мора да го штитиме процесот од натамошна билатерализација, таа станува проблем и за самата ЕУ

December 28, 2024
1 min read

Мора да го штитиме процесот на пристапување кон ЕУ од натамошна билатеризација, бидејќи таа станува проблем и за самата Европска Унија, вели во интервју за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

-Билатерализацијата на процесот на пристапни преговори во Европската Унија не станува проблем само за земјите кандидати, туку почнува да станува сериозен проблем и за самата Унија, особено сега кога при затворањето на поглавјата на Црна Гора и Хрватска најави одредени блокади. Исто така, и за други земји кандидати во најава има одредени блокади и билатерализацијата на процесот на пристапување во Европската Унија не создава штета само за земјите кандидати, туку и за Европската Унија, вели Муртезани.

Тој посочува дека земјите-членки и институциите коишто ја претставуваат Унијата се свесни за овие проблеми и нашите аргументи ги слушаат со големо внимание.

-Ние на неколку наврати заедно со премиерот сме се обиделе да објасниме дека преземените обврски во однос на спроведувањето на уставните измени стојат како такви, постои политичка волја и спремност тие да се носат, меѓутоа притоа мора ние да го заштитиме процесот од понатамошна билатерализација, особено од една дополнителна причина бидејќи дизајнирањето на процесот на пристапување е при спроведување на одредени реформи и одредени европски стандарди, нагласува Муртезани за МИА.

Според него, нема никаква смисла ако овој процес ние го тераме врз основа на одредени историски случувања во 11, 12 или 13 век.

-Затоа, ако процесот треба да не направи кредибилна земја за влез во Европската Унија процесот мора да се насочи кон реформите и постигнувањето на стандардите. За ова има разбирање во Брисел, има поддршка не само во нашиот случај и пошироко да се реши. Останува на нас преку билатерални иницијативи да се надеваме дека овие обиди во соседна Бугарија ќе завршат со солидна стабилна политичка влада со која ќе седнеме да разговараме бидејќи билатералните договори создаваат обврски за двете страни, а со Договор за добрососедство и пријателство Бугарија е обврзна да не’ поддржува, а не да не’ блокира, вели министерот за европски прашања.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мачорот Реис на рамото на својот сопственик ги посетува историските и туристичките места низ Истанбул

Следно

Авиокомпании ги откажаа летовите кон Русија по падот на азербејџански авион

Latest from Blog

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да
Go toTop