СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните заглавени во снегот

December 23, 2024
1 min read

‘Секој ден се повеќе станува јасно дека неспособноста на оваа власт не само што е алармантна, туку и опасна за безбедноста и секојдневниот живот на граѓаните’, пишува во соопштението на СДСМ.

Патиштата ширум државата се целосно неисчистени, граѓаните остануваат заглавени во снегот, а државните служби повторно се „изненадени“ од временските услови, како да е јули а не декември.

„Превојот Стража е блокиран и не може да се помине. Автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, кој е од клучно значење, не е исчистен, а движењето по превојот Плетвар е отежнато, со сериозни ризици за возачите. Патот до Галичник е непрооден веќе еден месец, оставајќи го локалното население во целосна изолација. Граѓаните се оставени сами на себе, додека Македонија пат и Министерството за внатрешни работи не покажуваат никаква координација или способност за решавање на проблемите“, велат во СДСМ.

Летото зад нас го обележаа катастрофални пожари, при што изгореа десет проценти од територијата на државата, поради несоодветно управување и задоцнета реакција. Наместо да научи од своите грешки, власта продолжува со истата епска неспособност и денес, во зимски услови, го доведува населението во сериозен ризик. 

СДСМ уште еднаш укажува дека ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да ги игнорира своите обврски кон граѓаните и да почне да работи, да управува со државата со сериозност и одговорност. Ако не се способни да го направат тоа, нивното место е надвор од власта, бидејќи државата и нејзините граѓани заслужуваат подобро!

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот

Следно

Тетово и оваа година нема да биде украсено – граѓаните: Немаше да биде лошо да имаме празнична атмосфера

Latest from Blog

Крај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина навистина може да почне од нула, бидејќи откако Лионел Меси се повлече од репрезентацијата, преговорите со селекторот Лионел Скалони се искомплицираа. Неговата иднина беше неизвесна дури и пред неколку месеци,

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи,

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

Инвестицијата на ТАВ од 2,7 милиони евра привлече внимание кај турските медиуми, кои известуваат за модернизацијата на терминалот, зголемениот капацитет и растот на патничкиот сообраќај. Реконструкцијата и надградбата на аеродромот „Свети Апостол

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес
Go toTop