Тетово и оваа година нема да биде украсено – граѓаните: Немаше да биде лошо да имаме празнична атмосфера

December 23, 2024
1 min read

Градот Тетово не е украсен за Нова Година. Повеќето граѓани кои ги прашавме велат дека празниците немаат ништо со верскиот аспект ниту националниот туку едноставно завршеток на еден календарски циклус. Друго прашање е тоа дали општината навистина нема средства.

„Новогодишните празници се празници кога градот треба да се украси, бидејќи е симболика за завршување на еден годишен циклус и нема врска со верскиот карактер. Ниту една религија не спомнува дека новата година е верски празник или дека ја сметаат за света. Кажав дека поради децата треба да се направи разубавување на градот, за тие да уживаат и да го почувствуваат годишниот циклус што минува“.

„Мислам дека да, треба да се украси ако има буџет. Како што се прави секоја година, така треба да се прави и сега, а ако нема буџет тогаш нема ништо“.

„Ако има буџет, верувам дека треба да се направи нешто за да се разубави затоа што е добро да се направи. Но ако општината нема пари, здравје“.

Од општина Тетово тврдат дека буџетот на општината не дозволува еден таков луксуз, односно украсување на плоштадот за Нова Година.

„И оваа година општина Тетово нема да го украси градот бидејќи нема доволно фондови и не го гледа ова нешто како приоритет“, вели Бесарта Рамадани.

За разлика од Тетово, Гостивар веќе некое време е украсен. Општината вели дека потрошила околу 50 илјади евра за украсување на градот.

„Предвидениот буџет е некаде близу три милиони денари, централниот дел најукрасен ќе биде, некои булевари и верувам дека ќе имаме убава слика за празниците“, вели Ваљбон Лимани.

Инаку оваа година е трета по ред како Тетово не е украсено за празниците а како причина за тоа се наведува немањето фондови за сијалички и други украси.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните заглавени во снегот

Следно

Забрана за камиони на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир

Latest from Blog

Шокантни детали во новите документи на ФБИ за вонземјаните: Мали суштества и мистериозни материјали (ФОТО)

Новообјавените документи од Федералното истражно биро на САД (ФБИ) откриваат извештаи за неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи и извештаи за „суштества високи еден метар“ кои, според очевидци, „излегле од летало“, како и

Љутков: Квалитетна Национална стратегија за вистински развој на културата

Заштита на културното наследство и обука и вработување на стручен кадар кој е дефицитарен, реорганизација и оптимизација на дел од националните установи, без отпуштање на вработени, ова се дел од клучните поенти
Go toTop