Ердоган: Растечката агресија на Израел е обид да се засени сириската револуција, да се потиснат надежите на Сиријците

December 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Зад растечката агресија на Израел стои очигледен обид да се засени револуцијата во Сирија и да се потиснат надежите на Сиријците, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Дури и ако Израел дејствува опортунистички, порано или подоцна ќе мора да се повлече од териториите што ги окупира“, рече Ердоган во обраќањето до нацијата по последниот состанок на Кабинетот годинава во главниот град Анкара, мислејќи на неодамнешното нелегално навлегување на Израел во Сирија.

Туркије застана на вистинската страна на историјата од самиот почеток на сириската криза во 2011 година, рече Ердоган.

Сириската револуција повторно го насочи глобалното внимание кон земјата, рече Ердоган, додавајќи дека како нејзин „сосед и брат“ Туркије најдобро ги разбира процесите во Сирија.

Истакнувајќи ја непоколебливата поддршка на Туркије за заштита на територијалниот интегритет и унитарната структура на Сирија, Ердоган рече: „Никогаш нема да отстапиме од ова“.

Анкара ќе ја обезбеди сета неопходна поддршка за сирискиот народ за „неговите достигнувања да бидат перманентни откако тој триумфираше над репресивниот режим“, рече Ердоган.

Во Сирија нема место за ниту една терористичка организација, вклучително и ДЕАШ и ПКК, предупреди Ердоган, додавајќи дека терористичката ПКК и нејзините ограноци или ќе се распуштат или ќе бидат елиминирани.

Турскиот претседател рече дека Анкара е решена да ги продолжи своите антитерористички операции во Сирија со „хируршка прецизност, без никаква штета за цивилите“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорги Христов назначен за технички директор во ФФМ

Следно

Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот

Latest from Blog

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи,

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

Инвестицијата на ТАВ од 2,7 милиони евра привлече внимание кај турските медиуми, кои известуваат за модернизацијата на терминалот, зголемениот капацитет и растот на патничкиот сообраќај. Реконструкцијата и надградбата на аеродромот „Свети Апостол

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес
Go toTop