Годишна прес-конференција на Путин

December 19, 2024
1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин ги сумира резултатите за 2024 година на годишната прес-конференција, позната и како „директна линија“. За Русија суверенитетот е особено важен, бидејќи во случај на нејзино губење се губи и државноста, рече Путин.

поред него, растот на руската економија во голема мера е условен од зајакнувањето на суверенитетот. Русија за две години оствари раст од осум проценти, во Америка е пет-шест, во еврозоната – еден, а во Германија – нула, одговори Путин. Заминувањето на странски компании од Русија го поттикна развојот на домашниот бизнис, рече рускиот претседател. 

„Кога сè е мирно, тогаш ни е досадно. Многу (странски) производители го напуштија нашиот пазар. До што доведе тоа? Нашите претприемачи самите почнаа да ги произведуваат овие производи.“ – Владимир Путин претседател на Русија. 

Путин рече дека руската армија ќе ги истера силите на непријателот од регионот на Курск. Рече дека состојбата радикално се менува, руската армија напредува по целата линија на фронтот во Украина и дека секој ден руските борци ја враќаат контролата над територијата. Русија има сила и средства да ги врати сите свои историски територии, рече рускиот претседател и најави план за изградба на нова инфраструктура околу Крим. Зборувајќи за ракетата „Орешник“, Путин рече дека нема шанси некој да ја собори. 

„Нема шанси Орешник да биде поразен. Ако така мислат западните експерти, нека се погрижат да организираме хај-тек дуел. Ние сме подготвени за таков експеримент. Па да видиме што ќе се случи. Западните експерти нека го утврдат објектот во Киев што ќе го таргетираме со Орешник. Ние сме подготвени за тоа.“ – Владимир Путин претседател на Русија.

Рускиот претседател потсети дека на крајот на 2022 година веќе биле постигнати договори со Киев, но тогашниот премиер на Британија Борис Џонсон, како што го нарече Путин „човекот со чудна фризура“ и забрани на Украина да склучи мир. Потсети дека сега Зеленски е нелегитимен претседател и дека според украинскиот устав, легитимна е само Врховната Рада.  Путин, на новинарско прашање на ЕН БИ СИ одговори дека не разговарал со Трамп повеќе од четири години, но дека е подготвен за средба. 

„Би сакале Русија да ја видите во ослабена позиција, но јас заземам поинаква гледна точка.“ – Владимир Путин претседател на Русија. 

Прес-конференцијата беше комбинирана со телевизиски пренос, а граѓаните можеа телефонски да разговараат со претседателот. На телефонската линија за поставување прашања до рускиот претседател Владимир Путин беа пристигнати повеќе од два милиони прашања. Оваа година за обработка на прашањата се користеше вештачка интелегенција „Гигачет“, која ги класифицираше прашањата по теми, подтеми и региони.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Даути повторно ја крена „рампата“ на законот за бранители, му поминал рокот

Следно

Тошковски за обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Latest from Blog

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,

ФФМ избра: Гоце Седлоски ќе ја предводи македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА АКТЕРОТ ЏЕЈМС РЕНСОН Си го одзел животот по години борба со зависност и трауми од детството

Светските медиуми јавуваат за смртта на американскиот актер Џејмс Ренсон, кој извршил самоубиство со бесење. Веста првично ја објави TMZ, а подоцна беше потврдена и од Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот
Go toTop