Борел: ЕУ мора да ја зголеми и забрза воената поддршка за Украина

February 19, 2023
1 min read

МИНХЕН (АА) – Европската Унија (ЕУ) треба брзо да ја зголеми и забрза својата воена поддршка за Украина, изјави денес шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, јавува Анадолу.

„Сите европски лидери овде вчера рекоа дека Русија не може да победи во оваа војна, дека Украина мора да победи“, порача Борел од Минхенската безбедносна конференција.

Повикувајќи ги лидерите да „преминат од зборови на дела“, тој ја истакна потребата да се забрза воената поддршка за Украина поради тоа што земјата е во критична ситуација во однос на снабдувањето со муниција.

Борел истакна дека проблемот треба да се реши во рок од неколку недели, без да се чека завршувањето на новите набавки или заедничките европски програми за набавки.

„Мораме да го искористиме она што го имаме, она што го имаат земјите членки и тие треба брзо да обезбедат дел од својата муниција, додека чекаат да ги наполнат своите резерви“, рече тој.

Борел ги повика земјите членки на ЕУ да ја забрзаат испораката на тешкото оружје, меѓу кое и борбените тенкови.

„Сите знаат дека за да се победи во војна, класична војна, потребни се борбени тенкови. Не можете да победите во оваа војна без вакво оружје“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

АФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 40.689

Следно

Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

Latest from Blog

Кос се понуди за олеснувач меѓу Скопје и Софија: „Работиме да се поедностават процедурите за пристапување во ЕУ“

Еврокомесарката Марта Кос се понуди да олеснува разговори меѓу Скопје и Софија. На сослушувањето во Европарламентот, Кос зборувајќи за земјите-кандидатки, истакна дека Европската Комисија напорно работи со земјите-членки за да ги поедноставни

ОСНОВАЧКАТА НА ЕТНОЛОШКИОТ МУЗЕЈ, ВЕРА КЛИЧКОВА, ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕН-СОБА ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

Утре (4 јуни) во 12 часот во Музејот на Северна Македонија ќе се отвори Спомен-соба на Вера Кличкова (1911-1998), основачка на Етнолошкиот музеј и пионерка во создавањето етнолошки филмови во Македонија. Ќе

ПАП тестот е најефикасен кога се изведува редовно, на секои 1-3 години според возраста и ризикот, велат од МАГО

ПАП тестот е најефикасен кога се изведува редовно, на секои 1-3 години според возраста и ризикот, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари. Вкупно 191 жена била прегледена во рамки на
Go toTop