Кос се понуди за олеснувач меѓу Скопје и Софија: „Работиме да се поедностават процедурите за пристапување во ЕУ“

June 3, 2025
1 min read

Еврокомесарката Марта Кос се понуди да олеснува разговори меѓу Скопје и Софија. На сослушувањето во Европарламентот, Кос зборувајќи за земјите-кандидатки, истакна дека Европската Комисија напорно работи со земјите-членки за да ги поедноставни пристапните процедури. Целта е, според Кос, да се оневозможи билатералните спорови да го отежнат проширувањето на Унијата.

„Со Северна Македонија, наша политичка цел е да ги отвориме преговорите со кластерот „Фундаменти“, веднаш штом неопходните уставни измени бидат усвоени. За ова, Бугарија и Северна Македонија треба да започнат опширно да разговараат и да најдат решение за ова билатерално прашање. Јас сум тука да олеснувам ако е тоа потребно.“, рече Кос.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не одговори конкретно дали има потврда од бугарска страна, за средба меѓу претставниците од двете земји за време на НАТО Самитот во Хаг. Се очекува таквата средба да се одржи во присуство на европските челници.

„Не можам точно да ви кажам, но јасно ви е дека не само овде, не само во Брисел, не само во некои главни градови… за тоа се разговара.“, изјави Сиљановска-Давкова.

Давкова го коментираше и Извештајот за земјава на известувачот во Европскиот Парламент, Томас Вајц, во кој се истакнува постоењето на засебен македонски идентитет и јазик. Претседателката очекува текстот да биде изгласан.

„Во спротивно, тоа многу лошо ќе зборува за демократскиот капацитет на Европскиот Парламент.“, вели Сиљановска-Давкова.

Расправата за текстот започнува утре. Инаку, Давкова ја оцени и како навредлива Резолуцијата која неодамна беше изгласана во бугарското Собрание, со која јасно се наведува бугарските власти да не прават отстапки од она што е веќе договорено со францускиот предлог.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОСНОВАЧКАТА НА ЕТНОЛОШКИОТ МУЗЕЈ, ВЕРА КЛИЧКОВА, ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕН-СОБА ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

Следно

„Секојдневно 1,6 милиони луѓе се разболуваат од небезбедна храна“, објави СЗО

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop