Турскиот претседател Ердоган во Анкара го пречека султанот на Оман, Ал Саид

November 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со официјална церемонија го пречека султанот на Оман, Хајтам бин Тарик ал Саид, во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, јавува Анадолу.

Посетата на султанот Хајтам е прва посета на омански шеф на држава на Туркије.

На пречекот на аеродромот Есенбога присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, министерот за трезор и финансии, Мехмет Шимшек, министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер, и други официјални претставници.

По билатералните средби и состаноци на ниво на делегации, ќе се одржи и церемонија на потпишување договори.

Султанот Хајтам и Ердоган подоцна се очекува да одржат заедничка прес-конференција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ф1 го продолжи договорот за Големата награда на Италија во Монца до 2031 година

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во новото раководство на СДСМ има само верни слуги на Заев

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop