Мицкоски за уставните измени: Нашите црвени линии ги дефиниравме, од тоа не се поместуваме ниту милиметар

November 27, 2024
2 mins read

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад, туку едноставно доволно граѓаните на Македонија и македонскиот народ отстапивме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Нема да бидеме жртва на билатерализација на процесот на приклучување на Македонија кон ЕУ. Ние кажавме што можеме да направиме и тоа е максимумот што можеме да го направиме. И тоа е кажано на сите светски фактори, на сите луѓе коишто одлучуваат генерално или имаат некаква улога во светската политика, потенцираше Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Александар Николовски дека за уставните измени треба да се убеди Франција и дали има комуникација со франскиот претседател Емануел Макрон.

Потсети дека ние имаме комплетно иста усогласена меѓународна и одбранбена политика со ЕУ.

-Тука е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, пред неколку дена потпиша Договор со господинот Борел. Реформите ги водиме комплетно согласно барањата од ЕУ. Работиме се во согласност со ЕУ. Ако ЕУ, сака да биде заложник на некои земји – членки во процесот на билатерализација, во ред, и тоа го разбираме. Нека не остават да си ги завршиме домашните задачи, проблемите дома да си ги решиме. Не сме ние опасност никому, потенцираше премиерот Мицкоски.

Ние, рече тој, само сакаме да не остават дома да си ги решиме проблемите.

– Се имаме направено, се што треба направивме. Ако оние мислат дека ние треба дополнително себе да се понижуваме, уништуваме идентитетски, и никогаш да не бидеме таму каде што треба, во ред. Тоа е нивно право. Ги разбираме, во ред. Одлучиле да бидат заложници на луѓе коишто живеат во средниот век, а не гледаат напред. Тоа е нивна одлука. Нека не остават да си ги решиме домашните проблеми. Нас не интересираат инвестиции, повеќе вработени, добро платени вработени. Се ќе се усогласиме согласно европските регулативи. Не сме ние опасност никому. Нема веќе никакво влијание, овде има европско влијание, рече Мицкоски.

Ние сме, рече тој, земја – членка на НАТО и не постои друго влијание.

Ако тие мислат да бидат заложници на вакви политики на поединци во ЕУ, тоа е нивно право. И јас оставам на нив. А ние ќе си ги решаваме домашните проблеми. Повеќе пет месеци нема ниту еден коруптивен скандал, ниту еден скандал каде што гледате Луј Витон ташни со милиони внатре, ниту еден скандал каде што некои мавтаат со европски знаменца, купуваат хотели во центарот на град. Нема тоа. Посветени сме навистина да работиме за граѓаните. Тоа е наша цел, рече Мицкоски.

Премиерот вели „ако мислат дека тоа не е доволно, дека не треба ние да бидеме дел таму според заслуга, туку за нешто се случило во средниот век, тоа е нивно право“.

– Еве они одлучиле да бидат заложници на такви политичари, нека бидат. Нека не остават ние домашната задача да си ја завршиме. И пак ќе биде според правилата на ЕУ, не според други правила. Затоа што веруваме, ние веруваме во вредностите каде што се напредува по заслуга, а не на понижување на другите, Мицкоски по посетата на Костал.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европскиот парламент ја одобри новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен

Следно

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop