Дачиќ: Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината

January 9, 2023
1 min read

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината и дека треба да ги решат работите поврзани со минатото на најдобар можен начин.

Дачиќ, кој го посети Загреб во пресрет на Божиќ со цел да ги затоплува односите меѓу двете земји, изјави за белградски медиуми дека официјален Белград „прв и подаде рака“ на Хрватска и дека, како што додаде, ќе се види како односите ќе се развиваат понатаму.

Тој оцени дека тука е прашањето „кој што сака“ и посочи дека е потребно да се бара заеднички интерес.

„Покрај сите наши меѓусебни разлики, треба да се договориме за прашања кои се однесуваат на сегашноста и иднината и да ги решаваме работите за минатото на најдобар можен начин“, рече Дачиќ, но додаде дека „за жал, не е оптимист”, пренесе Бета. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити до Груби: Објавувањето на снимката со Ахмети е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ, ДУИ мора да се ослободи од неспособните

Следно

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за аерозагадувањето

Latest from Blog

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop