Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор

June 25, 2026
2 mins read

Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици, а иселувањето на младите продолжува да го менува ликот на државата. Националната развојна стратегија 2024-2044 предупредува дека раселувањето, стареењето на населението и концентрацијата на жители во неколку урбани центри претставуваат еден од најголемите ризици за идниот развој.

И претставници на Владата неодамна признаа дека демографските трендови се загрижувачки и дека се потребни политики кои ќе им овозможат на младите да останат, да работат и да создаваат во Македонија. Сепак, паралелно со овие заложби, често се појавува отпор кон инвестиции кои можат да придонесат за локален економски развој, како што е проектот за рудникот за бакар во Иловица.

Медиумите претходно пишуваа дека најзагрижувачка е состојбата токму во Ново Село, која е една од двете општини во чии рамки би се спровел проектот за рудникот. Според анализи на невладините организации, во 2024 година во општината Ново Село, намалувањето на бројот на деца се совпаѓа и со трендот на иселување. Во пописот во 2002 таму биле запишани 11.567 жители, а во 2021 имало 6.972 или за фрапантни 40 отсто помалку. Токму Ново Село го држи и негативниот рекорд за упис на првачиња. Дури за 57 проценти се намалил бројот на деца во основните школи на територијата на општината.

Слични маки споделува и соседната општина Босилово. Минатата 2025 година локалните власти доделуваа еднократна парична помош во висина од 5 илјади денари за сите деца кои ќе се запишат во прво одделение во училиштата во оваа општина.

„Во овие тешки времиња секоја помош е добредојдена. Општина Босилово во рамките на своите можности секогаш со поддршка за граѓаните“, објави тогаш градоначалникот Ристо Манчев.

Во Босилово функционираат три основни училишта, каде од прво до деветто одделение се школуваат околу 850 ученици.

Инаку, во Стратегијата се укажува дека освен во странство, голема миграција има и од рурални во урбани места, па оттаму треба да се зајакнат сите региони за да се премости јазот.

„Од 19 општини со позитивен миграциски биланс, 10 општини се во Скопскиот плански регион. Ваквите тенденции придонесуваат за енормна концентрација на населението и на економската активност во Скопскиот плански регион… Со промовирање таргетирани инвестиции, создавање политики и развој на инфраструктурата, Република Северна Македонија се стреми да создаде средина во која секој граѓанин ќе може да ужива пристоен квалитет на живот без оглед на местото на живеење, земајќи ги предвид специфичните потреби и искуства на мажите и на жените на различни географски локации“, се наведува во Стратегијата.

Токму инвеститорот во проектот во Иловица најави дека предност при вработувањето би имало локалното население од Босилово и Ново Село. Предвидени се 500 директни и над две илјади индиректни вработувања. За функционирањето на проектот потребни би биле рударски инженери, машински и електро инженери, металурзи, геодети, техничари, економисти и правници во администрацијата, оператори на машини, монтери, механичари, електричари, заварувачи, хемичари, сметководители, магационери, чувари, возачи, медицински персонал итн. Инаку, Стратегијата која цели да ги задржи младите во земјава повикува и општините да ги засилат своите буџети.

„Со зајакнување на фискалната одржливост на општините, Република Северна Македонија има за цел да поттикне средина каде што локалните власти ќе можат самостојно да ги финансираат своите надлежности, да инвестираат во критична инфраструктура и да ги задоволат потребите на своите заедници, што на крајот ќе го поттикне социоекономскиот развој низ целата земја“, се додава во документот.

Една од предностите кои ги нуди една инвестиција во рударството е што голем дел од приходите заминуваат директно во општинските буџети. Согласно Законот за минерални суровини, надоместокот за минерални суровини се пресметува според вредноста на металот, а бакарот кој го има Иловица на светските берзи достигнува цени од над 13 илјади американски долари за тон. Па така, се очекува повеќе од три милиони евра годишно да бидат внесени директно во буџетите на општините Босилово и Ново Село, што ќе придонесе кон нивно зголемување за повеќе од 40%.

Според податоците, основната идеја на државата е да се создаде општество што е демографски ревитализирано, економски просперитетно, интегрирано во меѓународните текови и социјално кохезивно, обезбедувајќи безбедност и стабилност за сегашните и за идните генерации. Сепак, како што се додава, високите стапки на емиграција на работоспособно население предизвикуваат неусогласеност на понудата и на побарувачката на работна сила на пазарот на труд.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

Следно

Драконски казни во САД: Осуммина се осудени на 450 години затвор за обид за убиство полицаец на протести

Latest from Blog

Проданоски: Економскиот факултет создава генерации кои придонесуваат за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет во Прилеп, каде на студентите им посака успешен почеток на новата академска година. Проданоски истакна дека почетокот на

13 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 порасна за 0,24 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 01.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.066,49 поени. Во однос

Коњановски им посака успешна академска година на студентите од ФИКТ и Правниот факултет

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска заедно со бруцошите ја споделија радоста од почетокот на новата академска година. Пречекани од деканот на Факултетот за информатички и

„Приказна за Градот херој“: Прилеп подготви повеќе од еден месец настани за 11 Октомври

Прилеп од денеска, 1 октомври, па до 3 ноември ќе биде во знакот на одбележувањето на 85-годишнината од 11 Октомври, со низа културни, спортски и свечени настани посветени на празникот и историското

Божиновска: Го ставаме геолошкиот потенцијал на Македонија во фокусот на научните истражувања

Геолошкиот потенцијал на Македонија треба да се истражува систематски, со научен пристап и преку поголема меѓународна соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. На координативен состанок во Министерството,
Go toTop