Фуат Октај: Туркије и Црна Гора имаат силни односи, постои голем потенцијал за унапредување на соработката

November 5, 2024
2 mins read

ПОДГОРИЦА (АА) – Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото народно собрание на Република Туркије, Фуат Октај, рече дека Црна Гора е светла ѕвезда на регионот и дека има голем потенцијал за унапредување на турско-црногорските односи, особено во секторите на транспортот, инфраструктурата, туризмот и земјоделството, јавува Анадолу.

Октај вчера допатува во дводневна официјална посета на Црна Гора, а за Анадолу изјави дека остварил конструктивни средби со високи црногорски претставници, меѓу кои и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, премиерот Милојко Спајиќ, министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ и реисот на Исламската заедница во Црна Гора, Рифат еф. Фејзиќ.

„Ова е посета со многу интензивна агенда. Црна Гора и Туркије имаат заедничка историја од петстотини години. Туркије е исклучително влијателна во својот регион и е во фокусот на сите важни настани. Ние сме земја во економски развој, а Црна Гора е исто така исклучително значајна во регионот и е земја во развој од перспектива на иднината. Во себе ја негува мултиетничноста, мултикултурализмот и мултиконфесионализмот во мир и хармонија. Црна Гора е земја фокусирана на иднината со перспектива за полноправно членство во Европската Унија во 2028 година. Има силни и пријателски односи со соседните земји Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија и Косово. Црна Гора е блескава ѕвезда на регионот“, рече Октај.

Истакнувајќи дека на сите средби се разговарало за сите аспекти и потенцијали за подобрување на турско-црногорските односи и соработка, Октај рече дека контактите и дискусиите продолжуваат на сите нивоа на билатералните односи. Тој додаде дека на овие средби била покажана срдечност и заемна волја за унапредување на соработката во полето на парламентарната дипломатија.

„Туркије е трета земја по директни инвестиции во Црна Гора и ја постигнавме зацртаната цел од 200 милиони долари во трговијата, но видовме дека можеме значително да одиме над тоа, особено во делот на транспортот, железничката мрежа, копнените патишта и изградба на аеродром, каде што има конкретни можности за соработка и со задоволство гледаме дека нашите релевантни компании и институции веќе разговараат за тоа. На дневен ред е и изградбата на железница која би го поврзала пристаништето во Бар со остатокот од Европа“, рече Октај.

Укажувајќи на потенцијалите за подобрување на билатералната соработка во областа на здравството и туризмот, Октај рече дека Туркије и Црна Гора имаат сериозна соработка на полето на одбраната и одбранбената индустрија и додаде дека Црна Гора неодамна била на саемот EКСПО 2024 во Туркије и дека биле потпишани дополнителни договори за соработка.

„Видовме одличен потенцијал за соработка во туризмот и земјоделството. Црна Гора е земја во развој со фантастичен туристички потенцијал, а Туркије како земја која е домаќин на 60 милиони туристи годишно гледа можност за соработка“, рече Октај.

Потсетувајќи дека ја посетил и Турската стопанска комора во Црна Гора, како и Исламската заедница во Црна Гора, Октај рече дека постои голем потенцијал за соработка во граѓанскиот сектор.

Нагласувајќи дека има голем потенцијал за зајакнување на турско-црногорските односи и дека тој треба да се искористи, Октај рече дека Црна Гора е фантастична и пријателска земја.

„Во оваа прилика го поканувам светот на бизнисот, граѓанското општество во Туркије да бидат присутни овде во Црна Гора, чија цел е да се заврши процесот на интеграција во ЕУ до 2028 година. Овде има одлични можности и тие треба да се искористат, а и Владата и невладиниот сектор се согласуваат за ова и бизнисмените и граѓаните во двете земји топло ве прегрнуваат кога ќе видат дека сте Турци, а истото тоа важи и за Црногорците во Туркије“, рече Октај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Втора бронза за Македонија на ЕП во кик бокс во Грција

Следно

Македонија со илјада можности за збогатување на туристичката понуда и мапа

Latest from Blog

Прес на шефот на Делегацијата на ЕУ со Вучиќ по предавањето на годишниот Извештај на ЕК

Тој денеска му го предаде извештајот за напредокот кон ЕУ на српскиот претседател Александар Вучиќ , по што на прес конференција додаде дека тој документ не е критички документ, туку огледало што

Меџити до Курти: Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН, Македонија и Косово градат стабилно партнерство

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, ја истакна добрата соработка меѓу двете влади во порака до премиерот на Косово, Албин Курти. – Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН во секој дел

Ѓорѓиевски веднаш започнува акција за чистење и нормализирање на јавниот превоз

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по примањето на уверението за избор, најави дека веднаш ќе започне со акција за чистење на градот и преземање на конкретни мерки во јавните градски претпријатија. –

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел,
Go toTop