Македонија со илјада можности за збогатување на туристичката понуда и мапа

November 5, 2024
1 min read

Имаме преубава земја но самите не знаеме што имаме во неа. Потребно е мапирање на сите културни вредности кои ги имаме – фолклор, вински туризам, музика, археологија и создавање на рути кои ќе ги задржат туристите транзитирајќи низ државава на пат кон други дестинации.

Ова се дел од главните пораки на денешната конференција за развивање на културниот туризам во Македонија.

Министерот Зоран Љутков, вели дека во моментот културата не придонесува кон економскиот развој и мора да се развие стратегија преку која таа ќе има значаен придонес кон буџетот на државата. Тој оценува дека развојот на рути за транзитен културен туризам во Македонија како на пример долж течението на Вардар каде имаме и автопатско решение и каде постојат археолошки наоѓалишта, Демиркапискиот локалитет за спортско искачување по карпи, винарии како и карактеристични земјоделски производи како калинките од Гевгелија е важен дел од новата стратегија, но пред тоа, мора да се донесе нов посебен закон кој ќе ги спојува културата и туризмот.

Во Македонија се организираат пан-Балканско познати и добро посетени музички фестивали како Д-фестивал во Дојран, Таксират во Скопје, Балканскиот етно-фјужн фестивал “Локум фест-музика и традиција“ во Битола, кои се исклучително важни за локалната економија, развој и промоција на градовите, но нивните организатори се пожалија дека функционираат надвор од системот и ретко можат да се потпрат за помош и поддршка од министерството за култура и релевантните институции, посочувајќи го токму конкурсот за култура како „осакатувачки„ за развој на фестивалите.

Панелистите на конференцијата апелираа државата да се ангажира околу уредување и зачувување на тоа што е системски занемарено како запуштениот археолошки локалитет Вардарски рид и куќата на кралицата на ромската музика Есма Реџепова која наместо да биде претворена во музеј сега зјае ограбена и искршена.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Фуат Октај: Туркије и Црна Гора имаат силни односи, постои голем потенцијал за унапредување на соработката

Следно

Камала Харис или Доналд Трамп – Американците пред избор за нов шеф на Белата куќа

Latest from Blog

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau). Според првичните информации, пожарот избувнал во

Труење со храна во прилепски „Микросам“ кај 41 работник, затворени кујната и трпезаријата

Вкупно 41 вработен во прилепската компанија „Микросам“ покажале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот, според информации од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Според епидемиолозите, на
Go toTop