Турскиот претседател во Киргистан за самитот на Организацијата на туркиски држави

November 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес отпатува за Киргистан за да присуствува на самитот на Организацијата на туркиските држави (ОТС), јавува Анадолу.

Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на 11. самит на шефови на држави на ОТС што ќе се одржи во среда во главниот град на Киргистан, Бишкек.

Генералниот секретар на ОТС, Кубаничбек Омуралиев, за Анадолу изјави дека на самитот земјите членки ќе се фокусираат на четири клучни области: економска интеграција, одржлив развој, дигитална трансформација и безбедност.

ОТС, со Туркије, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан како полноправни членки, како и Унгарија и Туркменистан како набљудувачи, се фокусира на унапредувањето на соработката во области, како што се трговијата, политиката, културата и безбедноста.

Од своето основање ОТС одигра клучна улога во промовирањето на регионалната соработка и заедничкото културно наследство.

Организацијата направи значителен напредок во зајакнувањето на трговијата меѓу земјите членки, поддршката на инфраструктурните проекти и унапредувањето на културните иницијативи за зачувување на турскиот идентитет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Париз започна судењето за убиството на наставник во 2020 година

Следно

Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop