Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

November 4, 2024
1 min read

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.

-До сега не се огласив од почит кон жртвите и нивните семејства. Оставка поднесов истиот ден кога се случи несреќата во Нови Сад. Сакам да ве информирам дека утре наутро ќе ја поднесам мојата оставка до премиерот, а кога Собранието на Србија ќе ја констатира оставката, ќе престанам да ги извршувам министерските обврски и во техничкиот мандат. Поднесувам оставка како одговорен човек, не можам да прифатам одговорност за несреќата што се случи, а сигурен сум дека истрагата ќе утврди дека никој од луѓето со кои работам не е одговорен, рече Весиќ.

Тој посочи дека „ниту тој, ниту луѓето кои работат со него немаат ни трошка одговорност за трагедијата што се случи“.

-Истрагата ќе го утврди тоа. Како што знаете, јас прв се јавив на поканата за рочиште. Министерството со ниту еден акт не можеше да влијае на проектот и на квалитетот на реконструктивните работи во Нови Сад, рече Весиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател во Киргистан за самитот на Организацијата на туркиски држави

Следно

Совет за безбедност: Состојбата во Македонија е стабилна

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop