Делегација од Теслиќ во посета на Општина Кисела Вода

February 15, 2023
1 min read

Делегација предводена од заменик градоначалникот на градот Теслиќ во Република Српска, Борислав Тесиќ, денеска беше во посета на општина Кисела Вода, информираат од општината.

На средбата со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се говорело за предизвиците и можностите на двете локални самоуправи, а биле дефинирани и сферите во кои ќе отпочне понатамошната соработка.

Како прв чекор кон збратимувањето на Кисела Вода и Теслиќ, е потпишување на меморандум за соработка.

-Оваа срдечна средба е од голема важност, бидејќи ќе резултира со збратимување на нашите општини и можност за понатамошна соработка во сферите кои се од заеднички интерес. Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат двете општини и нашите сограѓани, а подетално се запознавме со сличностите но и разликите во раководењето и поставеноста на локалните самоуправи во Република Македонија и Република Српска, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека прв чекор од новото партнерство ќе биде потпишување на меморандум за соработка, од кој жителите од двете општини ќе имаат културен, бизнис и економски бенефит.

-Благодарен сум за интересот и можноста, уште повеќе за тоа што сега за нашата Кисела Вода се зборува во суперлатив и стекнуваме пријателства кои во иднина ќе ги негуваме и продлабочуваме, истакна Ѓорѓиевски

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОН: 73 нерегулирани мигранти исчезнаа на отворено море кај Либија

Следно

Курти: Не може да има целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина без взаeмно признавање

Latest from Blog

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти

Новиот грчки министер за миграции смета дека е во ред да се убиваат мигранти на граница (ВИДЕО)

Танос Плеврис, радикален десничарски пратеник познат по своите забелешки за Аушвиц и убивањето мигранти, е именуван за нов министер за миграција. Тој го наследува Макис Воридис, најистакнатиот функционер кој поднесе оставка во
Go toTop