ОН: 73 нерегулирани мигранти исчезнаа на отворено море кај Либија

1 min read

РИМ (АА) – Либискиот огранок на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на Обединетите нации (ОН) извести дека најмалку 73 нерегулирани мигранти се водат за исчезнати откако брод со кој се превезувале, се превртел во близина на брегот на Либија, пренесува Андолу.

Во објавата на својот профил на социјалната мрежа Твитер, либискиот огранок на ИОМ напиша: „Најмалку 73 нерегулирани мигранти се пријавени за исчезнати. Се смета дека загинале во бродската несреќа што се случи вчера во близина на либискиот брег.“ Се наведува дека бродот што превезувал околу 80 луѓе, испловил од Каср Алкајар на 14 февруари за да замине во Европа, а седум лица кои успеале да се вратат на брегот во исклучително тешки услови, сега се во болница.

И Флавио ди Џакомо, портпарол на Медитеранската канцеларија за координација на ИОМ, во објавата на Твитер, исто така информира дека од јануари досега повеќе од 130 луѓе ги загубиле животите на миграциски рути во централниот дел на Медитеранот.

Според податоците на ОН, во 2022 година во централниот дел на Медитеранот животот го загубиле вкупно 1.377 нерегулирани мигранти, обидувајќи се од Африка да преминат во Европа.

– Проблемот со нерегуларната миграција во Медитеранот 

Регионот на Медитеранот на просторот Италија – Малта – Либија во последниве години е еден од нерегуларните миграциски рути кои често се користат при транзицијата од Африка во Европа.

Наместо претставниците на европските влади, европските невладини организации обично се оние кои ги спасуваат нерегулираните мигранти кои бараат помош на отворено море. Овие невладини организации имаат потешкотии да ги евакуираат илегалните мигранти што ги спасуваат повремено поради неуспехот на земјите членки на ЕУ да обезбедат „безбедно пристаниште“.

Првото место каде што мигрантите кои со сопствени можности ќе го преминат Медитеранот или ќе бидат спасени, ќе стапнат на европското тло е островот Лампедуза, кој е најблискиот копнен дел на Италија до Северна Африка.

Секоја година умираат голем број нерегулирани мигранти во обид да го преминат Медитеранот, а најчеста причина е превртување на бродот или недостиг на воздух, и вода во бродовите кои се пренатрупани со мигранти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Велешанец добил ќотек во Скопје: Прво го нападнале, па му се заканиле со огнено оружје

Следно

Делегација од Теслиќ во посета на Општина Кисела Вода

Latest from Blog