ЗНАМ: Немаме информација дека има работна група за изработка на Законот за правична застапност

October 28, 2024
1 min read

Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана.

Во исто време би сакале да го запрашаме господинот Снопче дали е точно
дека тој е дел од работната група во Собранието, која го подготвува
новиот закон за правата на бранителите од конфликтот во 2001 година, велат од партијата ЗНАМ во соопштение и додаваат:

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како одговорен политички субјект, смета дека изречениот збор, особено од носители на функции и
претставници на народот, имаат посебна тежина и секогаш треба да се
одраз на реалноста и вистината.

Ставот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е дека правичната
застапеност на етничките заедници е уставна категорија  и затоа треба да
се најде соодветно законско решение кое ќе биде предмет на широка јавна
расправа во која ќе учествуваат експертската и научна јавност и
заинтересираните страни, а кое на крајот ќе биде пратено до
Венецијанската комисија.

Движењето ЗНАМ  – За наша Македонија работи јавно и транспарентно, како што досега го покажа праксата и секогаш во интерес на граѓаните, а
штитејќи ги државните интереси“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Joсифовска Даниловска: Треба заеднички да работиме за етичката употреба на ВИ

Следно

Лашкоска: Завршен системот за водоснабдување на Делчево, обезбедуваме питка вода за секој поединец

Latest from Blog

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Кирков праша: „Добар ден градоначалничке? Како

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до
Go toTop