„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

September 15, 2025
1 min read

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“.

Наградната игра ќе трае од 15 септември до 26 октомври 2025 година и има за цел да понуди уникатно искуство и дополнително да ја зајакне поврзаноста со потрошувачите. „Моја Кравица“ чоколадно млеко со децении е симбол на вкус и радост во секое семејство.

Денес, тоа е бренд кој ужива доверба кај потрошувачите, препознатлив по својот автентичен вкус, врвен квалитет и топлина што ја внесува во секојдневните моменти, правејќи го омилен избор за малите и за големите.

Моја Кравица наградната игра секоја недела ќе носи нови радости: ќе се доделуваат по три iPhone 15 телефони,  три PlayStation 5 и пет пакет производи, што ја прави оваа наградна игра една од највозбудливите досега. Најсреќниот добитник ќе замине на семејно патување во Дизниленд – дестинација што е симбол на фантазија и авантура и за младите и за возрасните!

Учеството во наградната игра е едноставно и лесно достапно за сите. Секој потрошувач што ќе купи било кои два производа од портфолиото на Моја Кравица (чоколадно млеко, милкшејк или пудинг) добива право на учество во извлекувањата – сѐ што треба да направи е да го испрати бројот од фискалната сметка и времето на купување со назнака „Моја Кравица“ преку СМС на телефонскиот број 145 111.

Регистрацијата може да се направи бесплатно и преку веб-страницата на следниот линк: https://bimilk.mk/moja-kravica-nagradna-igra/, каде што се достапни сите информации за наградната игра. Извлекувањата ќе се одржуваат еднаш неделно, а добитниците ќе бидат објавувани секоја среда на официјалната веб-страница  како и на социјалните мрежи на bimilk и imlekmk. Извлекувањето на главната награда е на 27.10.2025 година.

Со оваа наградна игра, „Моја Кравица“ продолжува да ја гради својата силна врска со потрошувачите, нудејќи радост, изненадувања и моменти што остануваат во семејната меморија.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Следно

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop