И Французинките сè повеќе ги заменуваат потпетиците со патики

September 15, 2025
1 min read

Менаџерот на една продавница за чевли во Париз, прашан дали и колку чевли со високи потпетици продава, нагласи: – Готово е! Високите потпетици ги префрливме на долната полица.

Денес, речиси половина од Французинките „не знаат како да одат во високи потпетици“, според едно истражување. Така, последниве години, патиките станаа симбол на францускиот шарм, елеганција и стил, коишто се прилагодуваат на новите времиња и предизвици.

„Ако мажите ги сакаат жените што носат високи потпетици, треба да се обидат да одат во нив секој ден“, гласи коментар од корисничка на интернет.

Сепак, постојат и спротивставени мислења. Така, друга читателка вели:

„Мислам дека високите потпетици имаат свое место во женскиот гардеробер. Би ги означила како ‘повремени’, а не ‘обични’ или ‘секојдневни’, коишто во посебни пригоди и посебни денови би ги задоволиле елеганцијата и заводливоста, но и удобноста“.

Инаку, Франција е родно место на легендарните високи потпетици. Изумител овој елегантен женски детаљ е Роже Вивие – француски дизајнер кој ја дизајнирал високата потпетица во 1954 година. Тој бил, всушност, првиот кој вметнал метална прачка во потпетицата, зајакнувајќи ја така нејзината структура, а и ја издолжил и извишил женската силуета.

Новиот тренд го прифатиле скоро сите познати модни куќи. Вивие дизајнирал чевли и за многу познати личности и настани, како што се крунисувањето на кралицата Елизабета II, свадбата на Грејс Кели и принцот Рение, филмовите на Федерико Фелини и Алфред Хичкок и настапите на Марлен Дитрих и Катрин Денев. Неговиот бренд – високите потпетици сè уште се „инструменти за незапирлива заводливост“, како што велат модните познавачи.

Сепак, високите потпетици полека ја губат популарноста, и Французинките сè повеќе избираат чизми со практичен дебел ѓон, патики или рамни чевли.

Меѓу причините за оваа нова „француска револуција“ во обувките е и пандемијата Ковид-19. Таа го промени начинот на којшто живеат и работат многу луѓе. Работата од дома, ограниченото движење, одвикнувањето од ноќниот живот – сѐ ова доведе до тоа Французинките да се облекуваат „посекојдневно“. Така и за сѐ повеќе жени, патиките се „совршен избор“ за секојдневните активности но и за стилот и имиџот воопшто – во спој со тренерки, фармерки, здолништа и фустани.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо: Реал Мадрид отсекогаш бил амбициозен во ЛШ

Следно

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Latest from Blog

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,

Младинците со пораз ги завршија квалификациите за Европското првенство

Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Шведска во последното, 10. коло од квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шведска поведе во 15. минута преку Свенсон на мечот

Тоневски: Благодарност до учителите за секој час, совет и охрабрување

По повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати благодарност до сите просветни работници за нивната посветеност во образованието и воспитувањето на децата. Тоневски посочи

Гаши со поранешните собраниски претседатели: Формиран Совет за институционална меморија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната трета средба со поранешните собраниски претседатели ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието. На средбата присуствуваа поранешните претседатели Тито Петковски, Никола
Go toTop