Joсифовска Даниловска: Треба заеднички да работиме за етичката употреба на ВИ

October 28, 2024
2 mins read

Иако има големи придобивки од вештачката интелигенција (ВИ), има и определени ризици како на пример, нејзиното користење во т.н. лоши цели кои ја нарушуваат заштитата на приватноста, заштитата на достоинството на човекот. Затоа е неопходно да има јасни регулативи за заштита на човековите права. Ова денеска го истакна Мила Јосифовска Даниловска, програмска менаџерка во Фондацијата за Интернет и општество „Метаморфозис“, на денешниот настан организиран во рамки на Денови на медиумска писменост.

На тема „Вештачка интелигенција и авторски права“, зборуваше д-р Ханес Хенке, експерт од Германија, а на тема „Етика во користењето ВИ“, освен Јосифовска Даниловска зборуваше и д-р Анис Сефиданис од Факулетот за машинска интелигенција и роботика, а модератор беше Лилјана Пецова-Илиевска.

Фото: Мета.мк

„Секојдневната употреба на ВИ беше причина да спроведеме истражување за ефектот на новите технологии, со посебен фокус на ВИ врз човековите права на Интернет. Сметавме дека тоа може да биде подлога за да може понатаму да се гради националната стратегија за ВИ.  Иако од неа има големи придобивки, сепак, има и ризици од нејзина неправилна употреба односно употребна во т.н. лоши цели, кои задираат во заштитата на приватноста, во заштита на достоинството на човекот. Затоа мора да има јасни регулативи за заштита на човековите права, но да се внимава да не се задуши технолошкиот развој. Технологијата има молскавичен напредок, па мора да избалансираме меѓу овие две работи“, истакна Јосифовска Даниловска.

Таа смета дека треба да има повеќе вакви дискусии и поради тоа апелираше здружено да се работи на оваа тематика, нагласувајќи дека „Метаморфозис“ започна процес на креирање на Коалиција за одговорна употреба на вештачка интелигенција.

„Во однос на заштитата на личните податоци, нашата Агенција за заштита на лични податоци, има изготвено прирачници, платформа за е-учење, кои не се доволно искористени. Прво треба да ја поставиме основата со почитување и спроведување на сите закони и прописи поврзани со различни дигитални системи, заштита на лични податоци. ВИ ни е на праг и затоа потребно ни е да можеме да ги совладаме сите работи кои треба да ги исполниме, па потоа да изградиме систем кој ќе го почитува човековото достоинство и нема да дискриминира, нема да наштети на приватноста на никого“, смета таа.

Професорот Анис Сефиданис истакна дека ВИ може да заземе супер перспектива на целото човеково знаење.

„ВИ може да изведува увиди кои не постоеле претходно и да биде прецизна во однос на нејзините предвидувања. На пример, автомобилите на Тесла успешно се снаоѓаат со сообраќајни несреќи, на тој начин што се минимизира бројот на човечки жртви, по цена на материјална штета. Ако ВИ е производ на човечкиот ум, а човекот е производ на природата, тогаш овде не гледам ништо вештачко, па затоа не би требало да ја нарекуваме `вештачка` интелигенција“, истакна професорот.

Според него, едукацијата е единственито „оружје“ со кое може да се справиме со опасноста која постои, а тоа се лошите намери кои со користење на ВИ, може да бидат мултиплицирани во голем број.

„ВИ ќе успее да спречи криумчарење на луѓе и на роба преку граница, на злоупотреба на било каква административна фунцкија. Опасноста постои да нашите лоши намери бидат мултиплицирани во голем број. Булинг порано имало во училишниот двор, а сега може да биде префрлен на Chat GPT. Затоа едукацијата е единствено оружје со кое може да се справиме против опасностите. Регулатива и правна одговорност треба да постојат, но има и други процеси на колективна свест, каде одговорноста станува се помалку индивидуална. ChatGPT креира книжевни дела, прашањето е на кого да се препише интелектуалната сопственост“, вели професорот.

Денешниот настан насловен како „Политики за медиумска писменост во ерата на ВИ“, го отвори Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заедно со претставници на членките на мрежата на медиумска писменост. На тема политики за развој на свесноста за ризиците од дезинформации, зборуваше Снежана Трпевска од Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот

Следно

ЗНАМ: Немаме информација дека има работна група за изработка на Законот за правична застапност

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop