Остин: Немам нови најави за испраќањето борбени авиони за Украина

February 14, 2023
1 min read

Што се однесува до евентуалното испраќање на авионите Ф-16 во Украина, немам нови најави за тоа прашање и немам што да додадам, изјави американскиот секретар за одбрана

Прашањето за можното испраќање борбени авиони во Украина се уште е отворено по состанокот на педесет земји за координирање на испраќањето оружје во таа држава.

„Што се однесува до евентуалното испраќање на американските ловци Ф-16 во Украина, немам нови најави за тоа прашање. Немам што да додадам“,

изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин кој претседаваше со министрите за одбрана на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.

На прашањето дали Америка ќе се спротивстави на идејата Полска да испрати борбени авиони, Остин одговори: „САД никогаш не ја спречиле Полска да испраќа што сака“.

Тој истакна дека во моментов задача е да се соберат сите видови оружје што веќе и се ветени на Украина.

Дополнително, како што рече Остин, неопходно е да се подготви украинската војска за употреба на овие видови оружје, како и да се обезбеди одржување на сите системи и нивно доставување до линијата на фронтот.

Американскиот министер за одбрана истакна дека сојузниците ќе продолжат да соработуваат со Украина со цел да се задоволат нејзините најитни потреби во областа на одбраната.

Холандија го сфаќа барањето на Украина за Ф-16 многу сериозно, рече холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен при пристигнувањето на состанокот.

„Украина е многу свесна дека ова е нешто на кое му треба време“,

додаде таа.

Борбените авиони, рече таа, не се споредливи со борбените тенкови што ќе и бидат испорачани на Украина во наредните месеци.

Словачка минатата недела објави дека ќе ја разгледа можноста за испраќање на своите МиГ-29 во Украина.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја истакна важноста за испраќање муниција и за обука на украинската војска во услови на дебата за потенцијалното снабдување со борбени авиони за Киев.

„Само Германија досега обезбеди специјална обука за 1 200 украински војници “,

рече Писториус во Брисел.

Писториус рече дека „голем предизвик следните неколку месеци“ за Украина ќе биде да не го изгуби воздушниот простор од руските воздушни сили и да избегне уште посилно бомбардирање и напади врз нејзината критична инфраструктура.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: Попладнево голем пожар на влезот од Виница, пожарникарите успеале да го изгаснат

Следно

ЛШ: Минимални победи на Баерн и Милан во првите натпревари

Latest from Blog

Погребот на папата Франциск во сабота

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу. Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите.
Go toTop