Црногорскиот „Планета 7693“, „М“ на Вардан Тозија и полскиот „Кога е… пролет е во воздухот“, најдобри филмови на 12. „Џифони Македонија“

October 9, 2024
2 mins read

Црногорскиот филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан е најдобриот филм на 12. „Џифони Македонија“ за јуниорите, македонскиот апокалиптичен трилер „М“ во режија Вардан Тозија е најдобар според кадетите, додека за сениорите – тоа е „Кога е… пролет е во воздухот“ (When F… Spring in The Air) на полскиот режисер Даниаел Сугавара.

Најдобар краток филм за јуниорите е „Последна генерација“, најдобар ученички филм е „Весниците“ (The Newspapers).

Најдобар ученички филм за кадетите и сениорите е „Писмо што никогаш нема да го добиеш“ од Србија, најдобар анимиран филм е Lucky’s plan(e)t на Марко Васиќ од Србија. Најдобар краток филм за кадетите е Cicciolina Pocket во режија на Клаудио Казаѕа од Италија.
Најдобар краток филм за сениорите е „Човекот што не знаеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ од Словенија.

Режисерот Вардан Тозија ја прими наградата лично и беше посебно благодарен на жирито на „Џифони“, истакнувајќи дека тоа посебно му е драго што доаѓа од публика што критички и искрено ги гледа филмовите.

Во речиси двочасовна програма, џифонци синоќа во киното „Милениум“ прикажаа што сработиле за само пет дена за време на работилниците на кои учествуваа – сликарската заедно со Дијана Томиќ Радевска, работилницата за филмска фотографија на Елена Бојаџиева Цветковска, работилница за сториборд со Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, краток филм за јуниори со Саша Станишиќ, работилница за краток игран филм со Филип Лафазановски и Илија Павлов, како и за краток документарец со Ханис Багашов и Марко Рикалоски.

Благодарение на нивното најголемо учество на фестивалот и активност, фестивалското жири ги избра четворицата нови учесници на „Џифони Италија“ што ќе бидат дел од светскиот фестивал в година. Тоа се: Војдан Андоновски, Галена Огненовска, Лука Чашуле и Мила Цветкова. Тие беа пресреќни за можноста. Целата македонска делегација ќе биде формирана и по пат на дополнителни проекции на филмови и дискусии на кои со гласање на најактивните Џифонци ќе бидат избрани уште осум учесници.

Ова издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ беше богато со гости, интересни разговори, а тие беа обединети под името Edu Cuts Talks конференција. Edu Cuts мрежата што ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

„Џифони Македонија“ и годинава ја продолжи соработката со „Пакомак“ и до 15 октомври сите џифонци можат да учествуваат на натпреварот за собирање и рециклирање шишиња во вендинг машините на „Пакомак“, акција што е во тек. Најуспешниот во оваа мисија ќе биде награден со патување во Џифони, Италија, на фестивалот в година.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставните измени и евроинтеграциите биле меѓу најзастапените теми во медиумите за време на изборите, но без аналитички пристап

Следно

Работна средба на Комисијата за одбрана и безбедност со здружението „Клуб на генерали“

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop