Уставните измени и евроинтеграциите биле меѓу најзастапените теми во медиумите за време на изборите, но без аналитички пристап

October 9, 2024
1 min read

Уставните измени и евроинтеграциите на земјава биле едни од најзастапените теми во медиумските известувања за време на изборната кампања, но без аналитички пристап. Известувањата во медиумите генерално се засновале на изјавите на политичарите, покажуваат анализите објавени во публикацијата на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА).

Според новинарката и уредничка за надворешна политика во „Независен“ Слободанка Јовановска, во медиумските известувања немало аналитички пристап за тоа што значи усвојувањето на уставните измени, односно какви придобивки или евентуални штети би имало по државата, а немало ниту обиди да се анализира како политичарите ги менувале ставовите пред, за време и по изборната кампања. 

– Евроинтеграцијата подолго време се користи како тема со која се уриваат влади, се носат нови. Едноставно не се бараат решенија, туку темата се експлоатира политички за постигнување на политички цели. Оваа тема доминира во овој период. Иако има осцилации во тоа колку се следеше ова прашање факт е дека пред кампањата многу се експлоатираа уставните измени и целата тема не беше толку гледана од аспект што значи тоа за државата, односно да се анализира какви штети или придобивки евентуално би направиле уставните измени, туку повеќе ова прашање беше гледано од аспект дали ќе се усвојат уставните измени или дали тоа прашање ќе доведе до одржување на вонредни парламентарни избори, рече Јовановска на денешната панел дискусија „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите“ во организација на ИМА. 

Она што неа ја изненадило како долгогодишен новинар, е тоа што во медиумите биле пренесувани само ставовите на политичарите, без притоа да се направи обид да се покаже како самите партии не опстојувале на своите ставови што ги кажувале пред кампањата и после тоа. 

Според Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарски и јавни комуникации, во медиумите на албански јазик преовладувало позитивно известување во однос на уставните измени и Францускиот предлог, но и тој се согласува дека и таму немало аналитички пристап, туку известувањето се засновало на изјавите од политичарите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Потребен е нов закон за локална самоуправа, средства од унгарскиот кредит побарале 80 општини

Следно

Црногорскиот „Планета 7693“, „М“ на Вардан Тозија и полскиот „Кога е… пролет е во воздухот“, најдобри филмови на 12. „Џифони Македонија“

Latest from Blog

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија
Go toTop