„Еуроњуз“: Скопје ќе може да напредува кон ЕУ само ако ги поправи односите со Бугарија

October 1, 2024
2 mins read

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) минатата недела донесе одлука Албанија на 15 октомври да ги започне преговорите по Кластерот 1 – „Основни вредности“, со што преминува во следната фаза од преговарачкиот процес за членство во Унијата и се раздвојува на европскиот пат од земјава. 

Сепак, и покрај ваквата одлука, како што наведува „Еуроњуз“, Брисел се надева дека новите власти во Скопје ќе останат фокусирани на европскиот пат. Според дипломатски извори, до надминување на пречките за почеток на преговорите по поглавја, Брисел очекува земјава да работи на спроведување на реформската агенда од Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, со кој се предвидени шест милијарди евра за инвестиции во државите од регионот со цел доближување на нивните економи и општества до стандардите на ЕУ уште пред полноправното членство.  

Дипломатски извори за „Еуроњуз“ посочуваат дека се задоволни од тоа што новата македонска Влада, како и претходната, покажува посветеност на процесот на зачленување во ЕУ. 

– Кога новата Влада ја презеде должноста, немаше големи отстапувања од реформската агенда за која преговараше претходната Влада, посочуваат истите извори, додавајќи дека сепак ќе треба да се почека за да се види како ќе бидат спроведувани предвидените реформи. 

Тие реформи, меѓу другото, опфаќаат зајакнување на принципите на владеење на правото, независност на судството и борба против корупцијата, и од нивното спроведување ќе зависи и исплатата на средствата предвидени со Планот за раст, од кои две милијарди евра грантови и четири милијарди евра позајмици под поволни услови. Средствата се распределени меѓу државите од Западниот Балкан според висината на нивниот БДП и бројноста на населението, но доколку некоја од нив не ги спроведе бараните реформи, тогаш сумата предвидена за неа ќе биде пренасочена кон другите земји од регионот кои посветено ја имплементираат својата реформска агенда. Целта на ваквиот модел е да се создаде еден вид натпревар меѓу државите од регионот и да се поттикнат на побрза имплементација на реформите. 

Се очекува ЕК да ги одобри реформските агенди во текот на овој месец, со што првите авансни средства за земјите од регионот би биле исплатен до крајот на оваа година. Сите земји од регионот до вчера, кога беше крајниот рок за тоа, ги доставија своите предлог-реформски агенди, освен Босна и Херцеговина каде постапката за нивно одобрување е заглавена во процедуралните правила.  

Кога станува збор за земјава, дипломатските извори посочуваат дека еден од нејзините главни предизвици, впрочем како и за другите држави од регионот, ќе биде справувањето со корупцијата, потенцирајќи дека ЕУ има механизми да ги заштити своите финансии од евентуални злоупотреби и коруптивни практики. 

– Корупцијата е присутна. Но, ние имаме политика на нулта толеранција за корупцијата и многу строги рамки, посочија истите извори, додавајќи дека ако се појави сомнеж за корупција, ЕУ ќе ги активира своите заштитни механизми. 

Но, како што посочува „Еуроњуз“, дури и ако „успешно ги исполни сите свои цели и ги искористи придобивките од Планот за раст, Скопје ќе може да напредува на својот пат кон членство во ЕУ само ако продолжи да ги поправа односите со соседна Бугарија“, имајќи пред вид дека за секој нареден чекор од пристапниот процес потребно е „зелено светло“ од сите земји членки на Унијата. 

– Тоа може да се покаже како предизвик. бидејќи претставници на Софија и Скопје продолжуваат да разменуваат воинствена реторика, се наведува во анализата, при што посочува и на изјавата на поранешниот бугарски премиер и актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи на Собранието на Бугарија, Бојко Борисов дека земјава мора да „се соочи со последиците од своите постапки“. 

„Еуроњуз“ наведува дека во таа војна на зборови беше вклучен и „Коридорот 8“ што треба да ги поврзе главните градови на двете земји, но и јадранскиот брег на Албанија со пристаништето Варна на брегот на Црното Море во Бугарија, притоа минувајќи преку македонска територија. 

Во текстот се оценува дека кога овој Коридор ќе биде изграден, тој ќе ги вклучи Северна Македонија и Албанија во транспортната и трговската мрежа на Европа, со што буквално ќе го трасира нивниот пат кон Европската Унија, а во исто време ќе му обезбеди и стратешки воен коридор на НАТО.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лука Вицке потиша за Рајн Некар Левен

Следно

Трет ден активен шумскиот пожар на грчкиот полуостров Пелопонез

Latest from Blog

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што

Били Ајлиш не сакајќи кажа колку милиони има на сметката, откако им се нафрли на милијардерите (ВИДЕО)

Нејзиниот говор на доделувањето на наградите за иноватори на списанието WSJ за 2025 година во Њујорк го постави прашањето: Колку навистина вреди Били Ајлиш? Нејзиното нето богатство се проценува на околу 53

Запленети над 50.000 фалсификувани играчки „Лабубу“

Првите заплени започнаа кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, кога беа пронајдени палети од Белгија што содржеа 7.392 плишани играчки и 8.624 фалсификувани пакувања, објави

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада
Go toTop