Книга за Борис Трајковски со целосна финансиска поддршка на Фондација „Заев – Едно општество за сите“

September 25, 2024
1 min read

„Господ да ја благослови Македонија“. Така е насловена книгата во спомен на вториот македонски претседател Борис Трајковски, на авторите Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, која неодамна излезе од печат во издание на „Студентски сервис“ од Скопје, а со целосна финансиска поддршка на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.

Автор на предговорот на книгата е основачот и директор на фондацијата Зоран Заев. Во неговиот текст под наслов „Книга-споменик“  меѓу другото се вели:

„…Споменикот и не мора да биде од гранит, бронза или мермер. Тој може да биде создаден и од хартија и зборови. Нужно е тој да биде направен со почит, љубов и верба. За среќа, сè уште постојат такви луѓе кои, бидувајќи верни на својот занает, умеат тоа да го сторат повеќе од добро. Такви се познатите радио-новинари Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, кои одлучиле да остават зад себе дело за почит и паметење, дело за сегашните и идните генерации, а со намера да ја одбележи 20-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски“.

Вреди да се истакне дека Зоран Заев, уште во првата година од првиот мандат на неговото градоначалствување со општина Струмица, донесе одлука за подигање споменик на претседателот Трајковски во струмичкиот градски парк. Споменикот, дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, беше откриен во 2005 година, само една година по трагичната смрт на Трајковски. За жал, и по 20 години од неговата смрт, тоа е единствениот споменик во земјата подигнат во негова чест.

Во соопштението се истакнува дека Фондацијата Заев ги почитува и поддржува вистинските вредности како досега, така и во иднина.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Мицкоски бурекот и јогуртот беа скапи, ама и со есенската кошничка не поевтинија

Следно

И бурекот, кифлите и јогуртот треба да поевтинат

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop