Небензја на СБ на ОН: Украинската војска е на работ на целосен пораз

September 25, 2024
1 min read

Украинската војска и покрај големите залихи оружје, вклучително и оружје со долг дострел, е на работ на целосен пораз, изјави синоќа постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небезнја, на седницата на Советот за безбедност на ОН посветен на Украина. 

Небензја рече дека украинската војска е на работ на пораз и покрај значителното снабдување со оружје, вклучително и со долг дострел, и покрај странските платеници и директното учество на Западот во конфликтот во Украина со цел да и се нанесе стратешки пораз на Русија, јавија руските медиуми.

-За да се увериме во тоа, доволно е да се проучат воените извештаи кои укажуваат на брзиот колапс на линиите за утврдување на Киев на Источниот фронт, чија изградба траеше речиси осум години, нагласи Небензја. 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски,синоќа на седницата на Советот на безбедност изјави дека рускиот претседател Владимир Путин прекршил толку многу меѓународни норми што нема да запре и дека Русија може само да биде принудена на мир. 

И генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе зборува на седницата на СБ на ОН за Украина, која беше свикана на барање на САД, Велика Британија, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Малта.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од општините Гази Баба и Сарај денеска без струја

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ за мерки за ковид кризата неосновано исплатила околу 100 милиони евра

Latest from Blog

Ролат со праз и печурки

 Состојки: 500 грама кори за пита 400 грама печурки 200 грама праз 200 грама кечап 4 лажици сенф 0,5 дл масло за динстање праз 1 чаша кисела вода масло, сол, бибер, сув

Лелек за медиумско внимание на СДС која е како расипана плоча: Мигранти во Македонија нема да има!

„СДС секојдневно пробува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Како расипана плоча или касета која врти во круг,

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ повикува на конечен и непроменлив македонски став по мигрантското прашање

Македонски Концепт, политичката партија која е дел од владината коалиција, излезе со силна и недвосмислена порака до јавноста, повикувајќи на изградба на широк политички консензус околу мигрантската политика. Од партијата бараат сите

Сеул: Северна Кореја лансираше десетина ракети од повеќецевен ракетен систем

Северна Кореја испали околу 10 ракети од повеќецевен ракетен фрлач, очигледно како дел од редовните зимски воени вежби, објавија денес јужнокорејските воени претставници. „Армијата откри дека околу 15 часот во вторник, околу
Go toTop