ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ за мерки за ковид кризата неосновано исплатила околу 100 милиони евра

September 25, 2024
1 min read

Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари. Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ковид кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра. Станува збор за пари исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства. Според Извештајот на Државна ревизија при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Или на владата на СДС и ДУИ и летнале 33 милиони евра во нечии џебови. Колку за илустрација, овие околу 100 милиони се средства со кои можеше да се изгради нов клинички. Или за споредба, изградбата на нов клинички центар во Скопје според проектот од 2017 година ќе чинеше 128 милиони евра. Оттука владата на СДС и ДУИ, средства колку за нов клинички, ги дели на сомнителен начин и без процедури, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е само дел од злоупотреби констатирани од Државниот завод за ревизија. Продолжуваме со објава на детали од истиот Извештај во однос на други злоупотреби. Секој што постапувал спротивно на правните норми мора да одговара, додаваат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Небензја на СБ на ОН: Украинската војска е на работ на целосен пораз

Следно

Општините како бунар без дно – Од претходната влада добија над 100 милиони евра, сега ќе го „ситнат“ унгарскиот кредит

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop