ПОД ИТНО МОРА ДА НАЈДЕМЕ ПАРИ ЗА ОПРЕМА И ЗА ВРАБОТУВАЊE КОНЗЕРВАТОРИ НА КУЛТУРТНОТО БОГАТСТВО, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ

September 12, 2024
3 mins read

Многу е лоша состојбата во Националниот конзерваторски центар (НКЦ), и техничка и кадровска, и под итно мора да вработиме стручен кадар, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. По денешната посета на најстарата стручна институција од областа на заштита на културното наследство и средбата со в. д. директорката Ангелина Поповска, Љутков кажа дека разговарале за итни решенија.

„Треба итно да се обезбедат поголеми средства за работа и да обезбедиме решенија за вработување на стручен кадар. НКЦ има надлежност во областа на заштитата на недвижното културно наследство на територијата на 32 општини во државава. Од 2025 е подобро да се фокусираме на одредени проекти што ќе бидат затворени од прва до последна фаза,а не да дојдеме до третата фаза, па да треба да се прави корекција на втората фаза“, рече Љутков.

Експертите од областа на заштита на културно наследство со години апелираат дека Макеоднија е пребогата со културно наследство, но ќе дојде време кога ќе нема кој да го заштити.

Конзерваторката од НКЦ Ема Петрова, во јануари годинава во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК за реставрацијата на делата од куќата на Лазар Личеноски, реле дека за следната тура која ќе ја добијат во 2024, бидејќи се дела во големи формати, а некои се во многу лоша состојба, би требало да се вработат, односно да се ангажираат и други стручни лица кои ќе учествуваат во реализацијата.

„Според проектот, треба да се ангажираат надворешни соработници, како што е пракса во светските лаборатории, да се ангажираат млади реставратори. На нашиот факултет имаше смер Конзервација со реставарација, но за жал, ниеден од тие дипломирани студенти не е ангажиран. Се разбегаа по светот. Ние ќе одиме во пензија, а занаетот треба да се пренесе на следните генерации. Се укинаа и магистерските студии. Сега да се распрашам, да сакам да најдам млади луѓе, не знам дали ќе соберам едвај 3-5. А, реално, има потреба во сите ателјеа“, рече тогаш Петрова.

Во мај 2021, тогашниот директор на Управата за заштита на културно наследство, Ацо Костов, рече дека живееме во општество во кое свеста за културното наследство и не е на високо ниво, и е незачувано, неоградено, без сигурносни мерки.

„Друг горлив проблем е што секаде фалат кадри, особено архитекти. Фалат луѓе за конзервација, за фрескоживопис, за икони, за археологија, а ние сме пребогати со повеќеслојноста на културното богатство. Во еден простор може да најдете од антика до денешни артефакти“, вели тој.

Тој тогаш рече дека треба да се вработуваат млади луѓе, и дека конзервацијата не е титула да се стекне, тоа е занатска работа, менторски систем.

„Министерството за култура во 2013 воведе да се доделуваат лиценци за конзерватори. Така е прескокнат еден цел систем на усовршување. Во мое време, бар 20-30 години ти требаа да станеш конзерватор, па виш конзерватор за 10 години , па за 15-20 да станеш советник , за да може да изработуваш проекти и да се занимаваш со посложени ситуации на решавање. Кај нас тоа го скратија, дозволија да се работи со лиценци, градежна фирма да може да изготвува проект. Изгубивме драгоцено време, 15-20 години се занимававме со ново културно наследство, со фејкови и го изгубивме континуитетот на наследување на занатските работи. Ние немаме ни занаетчии, ќе се доведеме во ситуација утре, да побараме пари од Европа, за конзервација на некој објект, веројатно и ќе добиваме, но ќе ни фалат конзерватори. Луѓе кои работат фрескоживописи по манастирите и црквите. Ќе отидат во пензија, ќе немаме луѓе кои ќе можат да пренесуваат знаење. Горлив е проблемот, оти секој објект за себе си е приказна“, рече Костов.

Лани во септември 2023, од тогашниот кабинет на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за САКАМДАКАЖАМ.Мк рекоа дека е  изготвена анализа за состојбата со кадарот во секторот на заштита на културното наследство, и дека е утврдена потребата од нови вработувања, особено во делот на заштитата на недвижното културно наследство.

„Во последните години има природен одлив на кадар, поради пензионирање и затоа е голема потребата да се надополни кадарот и да се работи на континуирана доедукација на постоечкиот кадар. Во Националната стратегија за заштита на културното наследство која е во фаза на донесување, утврдени се активности за отворање наставни програми кои предвидуваат образование на научни кадри во заштитата. Министерството за култура работи на утврдување на механизими со кои ќе се поттикнуваат младите, преку стипендии во сите степени на образование да се школуваат за струките потребни во сферата на заштитата на културното наследство“, рекоа од Министерството за култура во 2023.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Законот за бранители им излегува во пресрет на на луѓето, нема етничка димензија

Следно

Пратениците ја завршија расправата за измените на Законот за локална самоуправа

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop