Турскиот претседател продолжува со посетата на областите погодени од земјотресот

February 10, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска продолжува со посетите на јужниот дел на земјата погоден од земјотресот, јавува Анадолу.

Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени во двата силни земјотреси што во понеделникот го потресоа регионот.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската област Кахраманмараш, зафатија 10 области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа – населени со 13 милиони луѓе.

Неколку земји во регионот, од кои најкатастрофално Сирија, ги почувствуваа земјотресите што ја погодија Туркије во период од помалку од 10 часа.

Во текот на денешниот ден се очекува Ердоган да ги посети Адијаман и Малатија.

Со цел да изврши увид на местата каде што се одвиваат акциите на пребарување, спасување и пружање помош, турскиот претседател досега ги посети Кахраманмараш, Хатај, Адана, Газиантеп, Османије и Килис, каде што се сретна и со преживеани во земјотресот.

Ердоган вчера истакна дека земјотресите во јужна Туркије може да се опишат како „катастрофа на векот“, нагласувајќи дека турската држава ги мобилизира сите свои средства за да им помогне на погодените.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Насер Нуредини од ДУИ си оди, Каја Шукова – кандидатка на СДСМ за министерка за животна средина

Следно

26-годишна скопјанка заврши во болница, откако ја прегази автомобил

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop