Насер Нуредини од ДУИ си оди, Каја Шукова – кандидатка на СДСМ за министерка за животна средина

February 10, 2023
1 min read

Шукова, која е инженер технолог, е во овој ресор од 1998 година, а во моментов е на позицијата државна секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање

Со реконструкцијата на Владата и ротацијата на ресори поради влезот на Алијанса за Албанците, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе му припадне на СДСМ, дознава „360 степени“. Заминува досегашниот шеф во овој ресор Насер Нуредини, кадар на ДУИ, а за нова министерка за животна средина ќе биде предложена Каја Шукова, актуелна државна секретарка во овој ресор.

Меѓу кандидатите за ова место се споменуваше Пеце Мирчевски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи, но изборот на крајот паднал на Шукова.

Каја Шукова

Шукова во ресорот е од 1998 година во тогашното Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, во 1999 година работи во одделението за екоменаџмент, во 2000 г. е дел од Секторот за меѓународна соработка, истата година доаѓа во Секторот за одржлив развој, а во 2001 година е и негов раководител и на таа позиција останува до 2020 г. Потоа е назначена за државна секретарка. Таа е дипломиран инженер технолог на Технолошко–металуршкиот факултет Скопје.

Актуелно раководство на Министерството за животна средина и просторно планирање

Синоќа Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за окрупнување на владејачкото мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Претходно, Централното претседателство на Алијанса за Албанците одлучи да биде дел од Владата. Нивниот лидер Арбен Таравари изјави дека ги добиле министерствата за правда и за здравство, вицепремиерско место (или Министерството за информатичко општество и администрација), двајца заменик-министри во Одбрана и во Земјоделство, како и неколку директорски позиции.

Потврда за другите кадровски решенија во предлогот за реконструкција на Владата се очекува во текот на денот. Изборот во Собранието на новите членови на Владата се очекува в понеделник.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Археолошкиот локалитет Влахо оштетен при ископување јаглен од рудникот „Живојно“, алармираа археолози

Следно

Турскиот претседател продолжува со посетата на областите погодени од земјотресот

Latest from Blog

Кој е Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран? Со години живеел „под радарот“

Моџтаба Хамнеи е потврден како нов Врховен водач на Иран – само трет во историјата на Исламската Република. Наследникот на убиениот ајатолах има 56 години го наследува својот татко, ајатолахот Али Хамнеи,

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија,

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите

Од пораз до победа: Столе и Валенсија со два гола во судиско продолжение до победа!

фото: Valencia CF (X) По голема борба до самиот крај, Столе Димитриевски и неговата Валенсија од пораз, стигнаа до победа во судиското надополнување на домашен терен во исклучително важниот натпревар со Алавес
Go toTop