Ердоган го осуди убиството на лидерот на Хамас: Ционистичкото варварство нема да успее во постигнувањето на своите цели

July 31, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди убиството на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, јавува Анадолу.

„Остро го осудувам и го проколнувам подмолниот атентат извршен во Техеран врз шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије“, порача Ердоган преку објава на платформата Х.

Тоа е „одвратен обид да се поткопаат палестинската кауза, славниот отпор на Газа и правичната борба на нашите палестински браќа, со цел да се деморализираат, заплашат и потиснат“, додаде турскиот претседател.

Ердоган истакна дека овој атентат ги отсликува претходните напади врз палестинските личности, како шеикот Ахмед Јасин и Абдул Азиз ал-Рантиси, нагласувајќи дека „ционистичкото варварство, како и досега, нема да успее во постигнувањето на своите цели“.

Тој повика на обединет став од исламскиот свет со цел да се стави крај на угнетувањето во Газа и ја повтори посветеноста на Туркије на поддршката за формирање суверена палестинска држава со Источен Ерусалим како главен град.

Ердоган заврши упатувајќи молитва за Ханије, изразувајќи сочувство до неговото семејство и до палестинскиот народ.

Хамас рано утрово објави дека Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз неговата резиденција во иранскиот главен град Техеран.

Иранската државна телевизија, исто така, јави за смртта на Ханије, истакнувајќи дека истрагата за атентатот е во тек и дека наскоро ќе бидат објавени резултатите.

Израел не се огласи по повод атентатот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаменеи: Ханије настрада на иранска територија, должност ни е да ја одмаздиме неговата крв

Следно

Состојбата со пожарите е тешка, но не е алармантна

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop