Хаменеи: Ханије настрада на иранска територија, должност ни е да ја одмаздиме неговата крв

July 31, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, изјави дека чувствуваат одговорност за атентатот на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, кој се случи во Иран и ја сметаат за своја должност одмаздата кон Израел за смртта на Ханије, јавува Анадолу.

„Злосторничкиот и терористички ционистички режим нѐ растажи со тоа што нашиот вреден гостин падна како шехид во нашата куќа, но во исто време си подготви за себе тешка казна“, порача Хаменеи.

Изразувајќи сочувство поради убиството на Ханије, кого го нарече „храбар водач“, Хаменеи додаде: „Изразувам сочувство до исламскиот уммет, фронтот на отпорот, храбрата и горда палестинска нација, а особено до семејството на шехидот Ханије.“

Палестинското движење Хамас потврди дека нивниот лидер е убиен утрово во воздушен напад во Техеран.

Хамас соопшти дека нападот во кој загина политичкиот лидер на движењето е извршен од страна на Израел.

Во соопштението се наведува дека Ханије престојувал во Техеран по повод церемонијата за инаугурација на новоизбраниот ирански претседател.

Иранската државна телевизија претходно јави дека лидерот на Хамас е убиен во терористички напад врз резиденцијата во која престојувал во главниот град на Иран.

Ханије беше избран за шеф на Политичкото биро на Хамас на 6 мај 2017 година на местото на Халид Мешал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Олимписките камермани укорени за непристојни снимки

Следно

Ердоган го осуди убиството на лидерот на Хамас: Ционистичкото варварство нема да успее во постигнувањето на своите цели

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop