Шпанскиот регулатор го казни Booking.com со 413,2 милиони евра поради неправедни бизнис-практики

July 30, 2024
1 min read

ОВИЕДО (АА) – Шпанскиот пазарен регулатор денес соопшти дека ја казнува хотелската платформа Booking.com со парична казна од 413,2 милиони евра поради неправедните бизнис-практики, јавува Анадолу.

Регулаторот вели дека платформата ја „злоупотребува својата доминантна позиција“ уште од 1 јануари 2019 година со наметнување неправедни услови на шпанските хотели и ограничување на конкуренцијата од други онлајн агенции за патувања.

Ова е најголемата казна што Шпанската национална комисија за пазари и конкуренција (CNMC) некогаш ја има наметнато против бизнис.

Booking.com е холандска компанија и една од најголемите онлајн агенции за патувања во светот.

Според Комисијата, Booking.com контролира помеѓу 70-90 отсто од шпанскиот пазар на хотели.

Комисијата соопшти дека нејзината истрага, која започнала во 2022 година, идентификувала неколку начини на кои компанијата им наштетила на шпанските хотели и другите туристички агенции.

На пример, ги блокира хотелите да понудат пониски стапки од Booking.com, додека платформата може еднострано да ги намали цените. Истрагата, исто така, покажала и недостиг на транспарентност за тоа што се случува кога хотелите се претплаќаат на програми како Genius, кои треба да го подобрат нивното позиционирање на платформите.

Комисијата вели дека Booking.com ги истиснува конкурентите од пазарот со поттикнување на хотелите за вклучување на сите простории на платформата. Исто така, ги охрабрува хотелите да ја концентрираат својата продажба на платформата во замена за подобро рангирање или пристап до програми, истакна шпанскиот регулатор.

Покрај паричната казна, Booking.com ќе треба да се придржува кон неколку новодадени обврски за да се осигури дека ќе престане да ја злоупотребува својата позиција на пазарот.

Во 2021 година, две главни шпански хотелски здруженија ја обвинија компанијата за неправедни практики.

Компанијата има два месеци да поднесе жалба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали малку гадно ќе те спречи да ја спасиш планетата?

Следно

Власта во Венецуела ги обвини македонските хакери

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop