Власта во Венецуела ги обвини македонските хакери

July 30, 2024
1 min read

Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со обвинувањата од Венецуела дека „хакери од Северна Македонија“ направиле сајбер-напад врз системот за пренос на податоци на изборите во оваа јужноамериканска земја.

Во врска со обвинувањето од главниот обвинител на Венецуела дека наши државјани извршиле сајбер-напад во корист на опозицијата, а против досегашниот претседател Николас Мадуро, Андоновски одговори дека станува збор за социјалистички режим којшто со години лиферува често информации непоткрепени со докази и обвинува засегнати страни и држави коишто немаат одговорност во таквите случаи. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани и дека до сега не се пристигнати никакви барања или информации во однос на горенаведеното од страна на властите во Венецуела за понатамошни проверки од наша страна. 

„Jа информираме јавноста дека дури и појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонија, односно по досегашното искуство може да информираме дека постои голема веројатност истите да користат ВПН или пак да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери. Најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер и без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел блокирање, преоптоварување на истата.“- велат МВР. 

Токму спорните изборни резултати беа причина за големи протести во главниот град на Венецуела, Каракас, во кои едно лице го загуби животот, а повеќемина беа уапсени. Македонските хакери станаа популарни пред неколку години, откако глобалните медиуми објавија приказни како тие помогнале во изборот на Трамп во САД. Станува збор за познатите т.н. велешки сајтови, кои првпат се појавија во изборната кампања во САД во 2016 година. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шпанскиот регулатор го казни Booking.com со 413,2 милиони евра поради неправедни бизнис-практики

Следно

Калифорнија почна да се чисти?

Latest from Blog

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна

Денеска на Мундијалот: Стартува “Последниот танц“ на Роналдо, мега – дерби меѓу Англија и Хрватска

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Binance повторно ја потврдува својата посветеност кон европските корисници и намерата да продолжи да работи во целосна согласност со важечките прописи низ целиот континент, при што ја нагласува важноста од правична, предвидлива

ЗАВРШЕНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЈАНУКОВИЧ и поранешни функционери за настаните на Мајдан

Обвинителите и истражителите на Државното биро за истраги на Украина ја завршија истрагата против поранешниот претседател Виктор Јанукович и 16 поранешни високи државни функционери, во врска со обвиненијата за создавање криминална организација
Go toTop